„Екстра Ексклузив“ со ексклузивна прослава

Скопскиот Club Social вчеравечер беше местото кадешто се собраа најпопуларните, најуспешните и најубавите градски фаци. Многу гости, а причина една – првиот роденден на емисијата „Extra Exclusive“!Скопскиот Club Social вчеравечер беше местото кадешто се собраа најпопуларните, најуспешните и најубавите градски фаци. Многу гости, а причина една – првиот роденден на емисијата „Extra Exclusive“!

Роденденската забава започна некаде околу 20:30 часот. Славениците, кои патем блескаа, срдечно ги пречекаа сите оние коишто ги испочитуваа и дојдоа заедно со нив да ја прослават годишнината на лајф-стајл магазинот „Екстра Ексклузив“. Гостите ги забавуваше Јоце Панов, а по нешто отпеaја и Ненад и Ване.

Меѓу гостите се појавија ѕвездите од Македонскиот Идол, Тамара Тодевска, Некст Тајм, Дани, Слаткар и неговата поубава половина Сања Николиќ, како и многу други пејачи, тука беа секако и телевизиските ѕвезди од Канал 5, Боки 13-ка, дел од актерите што ги надсинхронизираат турските серии, многу новинари, водители, уредници, ПР менаџери, соработници и други.

Во прилог следува снимка од директниот пренос од забавата што се емитуваше на Канал 5.

 

Извор: ТВ Пакет

Пронајдете не на следниве мрежи: