Младиот пејач Никола Тренчевски започна соработка со Андреј Миске

Loading...

Новото лице на македонската естрада Никола Тренчевски започна со соработка со Андреј Миске. Тие работат на соло песна насловена како Никогаш сама, песна која е во аренби стил. За песната веќе се спрема промоција која ќе се одржи во текот на наредната недела.

Никола Тренчевски е 18-годишно момче кое ни доаѓа од Делчево, веќе има снимено неколку песни, но и две видеа.

 

Младиот пејач планира да се зафати со озбилна работа и да сними албум на кој ќе има 12 песни.

loading...