Пандев ја однесе Македонија во победа!

Фудбалскиот натпреварот помеѓу Македонија и Литванија заврши со резултат од 1:0со  победа на нашата репрезентација. Единствениот стрелец на овој меч беше нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев. Тој успеа да постигне гол во 54-тата минута.

Во второто полувреме по замената на Тричковски кој неодамна имаше повреда, Хасани успеа да ја раздвижи играта и да ги разигра своите соиграчи. Предноста можеше да биде зголемена со шутот на Хасани но, за жал беше непрецизен.

Оваа победа ќе воведе поголема самодоверба во игарата на нашата репрезентација, а и би требало да скокнеме некое место на ФИФА ранк листата поради тоа што Литванија се 85 место, додека ние сме 102-ри.

Пронајдете не на следниве мрежи: