„Пулс24“ дознава: Мамиќ прибра уште еден талент од Македонија, Суат Бајрами!

Спортскиот директор на екипата на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ, присуствувал на уличен фудбалски турнир кој оваа година се одржал во Загреб, скаутирајќи талентирани млади фудбалери и потенцијални засилувања за Динамо Загреб.

Како што пренесува „Новости24.нет“, се вели дека прилика за докажување добиле Мартин Периќ, најдобриот стрелец на турнирот и Суат Бајрами, кој бил прогласен за играч на турнирот.

„Отсекогаш ми беше сон да заиграм во најдрагиот клуб, можеби и тој сон ќе се оствари“ изјави Бајрами за „Новости24.нет“.

Инаку Суат Бајрами е од Скопје, фудбалер на Алумина.

Овие двајца млади фудбалери ќе бидат на проба во Динамо Загреб, а тамошните стручњаци ќе одлучат потоа дали оваа екипа ќе ги задржи во своите редови и ќе потпише договор со нив. Ќе тренираат со јуниорската селекција, и имаат посебен тренер кој ќе процени колку тие се физички способни.

Извор/Фото: www.novosti24.net

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: