Емил Арсов е во главна улога

Ексклузивецот на Mak Music продукција Емил Арсов го сними спотот за песната ,,Главна Улога'' со која настапи на овогодинешното издание на Макфест. 

Спотот изобилува со секси сцени,каде што покрај Емил се појавуваат и две манекенки од модното студио Моделс Ин, Катерина Стојановска и Александра Видоевиќ. Спотот се снимаше на неколку локации низ Скопје цели два дена. 

Видеото кое го изработи Exit B продукција премиерно ќе биде прикажано следната недела. 

Освен снимањето на спотот, Емил активно работи на нови песни и го спрема првиот деби албум.

Пронајдете не на следниве мрежи: