Брендот Nokia го започна своето враќање на пазарот. Компанијата HMD Global која е новиот сопственик на името Nokia, го претстави својот прв мобилен телефон со овој бренд.Тоа е Nokia 150. Таа не е паметен телефон и спаѓа во категоријата на т.н.. „глупави“ мобилни телефони. Всушност, телефонот не е толку „глупав“.
Тој ќе чини околу 26 долари и за овие пари нуди пристојни можности.
Канаѓани создадоа навистина интересен телефон Nokia 150, кој ќе се потпира на 2.4-инчен екран во боја. Ќе има вградена VGA камера (резолуцијата е 640х480) со LED блиц и цели 22 часа на батеријата при континуирани разговори.
Оперативниот систем е старата верзија на Nokia Series 30+. Мобилниот телефон е насочен кон пазарите во развој и корисниците кои немаат толку големи барања. Nokia 150 ќе има уште и Bluetooth, micro USB, 3.5mm приклучок за слушалки, FM радио, MP3 плеер и дури слот за microSD картички со капацитет до 32GB.
Ќе се нуди и во верзија со две SIM картички. Компанијата планира да започне со продажба на уредот уште во првиот квартал на следната година.
Тогаш таа ќе има и правното право, бидејќи до 31-ви декември правата сѐ уште се држат од Microsoft.
HMD Global додава дека ова е само почеток. Компанијата планира голема нова серија на мобилни телефони со брендот Nokia. Ова вклучува и сосема нова палета смартфони, а првите модели ќе бидат претставени уште следната година.Тоа е Nokia 150. Таа не е паметен телефон и спаѓа во категоријата на т.н.. „глупави“ мобилни телефони. Всушност, телефонот не е толку &