Истражувачите од Bitdefender предупредуваат дека се појави нов тројански вирус кој ги напаѓа корисниците на оваа социјална мрежа.Овој тројански вирус се праќа преку приватни пораки, па може да ви се појави порака која изгледа како да е испратена од некој од вашите пријатели, со следната содржина: „hahaha“. Под неа се наоѓа архива под називот „IMAG00953.zip“.
Оваа архива е JAR датотека која се спојува со специјален Dropbox профил, со цел да преземе некои DLL-ови. Потоа, таа го контактира главниот c&c (command and control) центарот, кој самиот себе се „инјектира“ во Windows Explorer и почнува да си го работи своето. Со тоа се појавува пораката „Hello people… 😀 <!- Designed by the SkyNet Team-> but am not the fucking zeus bot/skynet bot or whatever piece of fucking.. no fraud here.. only a bit of mining. Stop breaking my fucking..“
Хакерите ја зборуваат вистината. Вашиот компјутер во тој момент е вклучен во мрежата која е наменета за „рударење“ на bitcoin – заработка на виртуелни пари.
Вирусот е широко распространет во Португалија, Белгија, Индија, Романија и Србија.Овој тројански вирус се праќа преку приватни пораки, па може да ви се појави порака која изгледа како да е испратена од некој од вашите пријатели,