Кинеската компанија Huawei вчера го претстави својот нов премиум телефон, Honor 6. Да погледнеме што ни нуди овој модел споредено со Samsung Galaxy S5 и LG G3…За жал на корисниците, телефонот нема да ви понуди QuadHD екран, туку „само“ 5 инчен FullHD екран на допир со екстремно тенки граници од левата и десната страна. Куќиштето е изработено од алуминиум, а според Huawei е дизајнирано да ја рапределува топлината на најдобар можен начин, со што се подобруваат перформансите на самиот уред.
Во внатрешноста се наоѓа моќен осум-јадрен Kirin 920 процесор, кој поседува четири Cortex-A15 јадра, како и четири Cortex-A7 јадра за поддршка во работата. Графичкиот процесор е Mali-T628, а вградено е и 3GB RAM меморија, со што можете да бидете сигурни во брзите перформанси на овој уред. Според бенчмарк тестовите, Kirin 920 е на слично ниво со Snapdragon 805, новиот процесор кој ќе се вгради во подобрениот модел на Galaxy S5, како и Galaxy Note 4.
Дознајте повеќе на: GSM.MK
За жал на корисниците, телефонот нема да ви понуди QuadHD екран, туку „само“ 5 инчен FullHD екран на допир со екстремно тенки граници о