KORN, NOFX, ANGEL HAZE И THE BOSSHOSS НА СИГЕТ 2014! Објавена е и новата Сигет мобилна апликација!

Korn, NOFX, Angel Haze и The BossHoss им се приклучуваат на низата престижни имиња во програмата на Сигет 2014! Ова значи дека програмата на главната сцена е веќе целосно заокружена! Организаторите ја објавија и овогодишната мобилна апликација која ја вклучува деталната програма објавена досега. Остануваат само уште 52 дена до почетокот на фестивалот!Островот на слободата со големо задоволство уште еднаш ќе биде домаќин на њу-метал хероите Korn, кои ќе рокаат на главната поп-рок сцена во петок, на 15 август. Овие Греми добитници имаат продадено над 35 милиони примероци албуми ширум светот, имаат дванаесет официјални изданија кои беа вброени во ТОП 10 на престижната Billboard 200 листа, а осум нивни изданија имаат освоено или платинум или мултиплатинум сертификат. Нивниот најнов албум The Paradigm Shift беше објавен лани во октомври. 
Уште едно извонредно дополнување на програмата ќе биде панк-рок комбото од Лос Анџелес, NOFX. Зад себе имаат 12 студиски албуми продадени во над 6 милиони примероци што дефинитивно ги прави најуспешните независни бендови на сите времиња. Звукот на NOFX е спој на најразлични стилови: панк-рок, скејт панк, мелодичен хардкор, ска-панк како и многу други жанрови.  Нивната музика е навистина многу повеќе од вообичаеното ,,секс дрога и рокенрол”!
Angel Haze е најновата хип-хоп ѕвезда во каталогот на Универзал Мјузик Груп.  Нејзината музика е вистинско освежување за сите оние кои ценат добра и оригинална музика.
The BossHoss веќе извесно време се едни од најиновативните и најбозбудливите музички акти на европската музичка сцена. Музиката на овој седумчлен бенд е интересен спој на кантри, блуз, панк-рок, гаражен рок и рокабили, па со секое право можеме да кажеме дека имаат создадено свој уникатен бренд на рокенрол.   
Новата мобилна апликација е спремна и целосно бесплатна за сите корисници на iOs и андроид телефони! Деталите за досега објавената програма ќе бидат ексклузивно достапни во текот на следниве три дена, па потрудете се да си ја набавите навреме! Еве што сè ќе содржи оваа апликација:
-Детали за сите објавени артисти, вклучувајќи ја и нивната музика;
-Пребарување низ досега објавената програмата, по денови, сцени, азбучен ред;
-Можност да си креирате индивидуален распоред со вашите омилени изведувачи и да ја синхронизирате со официјалниот вебсајт, како и официјалната фејсбук страна;
-Известување пред да започне настапот на одбраните изведувачи;
-Можност да лоцирате себеси и сцените на Сигет/ интерактивна мапа со корисни места/точки;
-Пребарување на ,,скриените” богатства на фестивалотJ : забавата, уметноста и активностите;
-Известување за најжешките вести и информации
-Фотографии и видеа
Апликацијата може да се преземе на следниов линк:https://szigetfestival.com/mobileapp
Сигет дефинитивно е совршена дестинација за ова лето  за сите оние што бараат забава и летување во исто време!  Фестивалот годинава ќе се одржи од 11-18 август, а влезниците по намалена цена, како и организиран превоз може да се набават во мрежата на Купи карти за сè  и он-лајн преку нашатавебпродавничка!Островот на слободата со големо задоволство уште еднаш ќе биде домаќин на њу-метал хероите Korn, кои ќе рокаат на главната поп-рок сцена во пе

Пронајдете не на следниве мрежи: