Lenovo K920: Подобар и поефтин од Galaxy S5 и LG G3?

Веќе претходно шпекулиравме за овој телефон од кинескиот производител Lenovo, но тогаш го носеше името Vibe Z2 Pro. Официјално, компанијата го прикажа уредот кој сега ја има ознаката K920…Повеќето од шпекулациите се остварија – добиваме уред со огромен, 6 инчен QuadHD екран на допир со неверојатна резолуција од 2560 x 1440 пиксели. Како што може да забележите на фотографиите, телефонот има многу тенки граници околу екранот, со што се минимизира чуството дека држите огромно чудовиште во вашата рака. 
Телефонот е опремен со новиот Snapdragon 801 процесор (идентичен на Galaxy S5 и LG G3), 16 мегапикселна задна камера со оптичка стабилизација на сликата и 3GB RAM меморија.
Предната камера на уредот е со резолуција од 5 мегапиксели, а сето ова е „спакувано“ во тенко куќиште со дебелина од само 7,7 милиметри. Телефонот ќе работи на Android 4.4 KitKat со посебен кориснички интерфејс (UI) развиен од Lenovo.
Дознајте повеќе на gsm.mkПовеќето од шпекулациите се остварија – добиваме уред со огромен, 6 инчен QuadHD екран на допир со неверојатна резолуција од 2560 x 1440 пиксели. К

Пронајдете не на следниве мрежи: