Се очекува Samsung да ја најави петтата верзија на својот најпопуларен телефон, Galaxy S, во текот на март или април оваа година. Да погледнеме што се очекува од корејскиот гигант овојпат.1. Galaxy S5 ќе поседува 5 инчен екран со резолуција од неверојатни 2560 x 1440 пиксели
Пред се, наша претпоставка е дека Galaxy S5 повторно ќе има AMOLED екран, кој создава поделено мислење кај корисниците – некои го обожаваат, а други го мразат. Потоа, екранот ќе биде најверојатно минимум 5 инчен, а се шпекулира дека би добиле 5,3 инчен екран со резолуција од 2560 x 1440 пиксели. Со тоа, екранот би имал висока густина на пиксели од 560 ppi!
2. Galaxy S5 добива PLS LCD екран
Друг извор пак вели дека Samsung планира да вгради PLS LCD панел наместо досегашниот AMOLED. Причината за ова е огромната конкуренција од компании како Oppo и Xiaomi, а оваа технологија би им овозможила значително пониска цена на продажба. Замислете Galaxy S5 да чини 400, наместо 500 евра?
3. Galaxy S5 ќе поседува нов, 64-bit Exynos процесор
Гласините велат дека Samsung подготвува нов процесор кој би можел директно да го нападне iPhone 5s, преку поддршката за 64 битна архитектура. Доколку ова не е вистина, тогаш најверојатно Galaxy S5 ќе го видиме со новиот Snapdragon 805 чипсет на Qualcomm.
4. Galaxy S5 добива 4GB RAM
Веројатно најлесната претпоставка, а тоа е дека Samsung ќе вгради 4GB RAM за да ги оптимизира перформансите на овој телефон. Надополнето со моќен процесор, веќе го имаме кандидатот за рушење на рекорди на бенчмаркови!
5. 20/16 MP камера OIS
13 мегапикселната камера на Galaxy S4 сеуште е една од најдобрите на пазарот, но Samsung верува дека е време за нешто значително подобро. Новата камера би имала минимум 16 мегапиксели, како и оптичка стабилизација на сликата – идентично како најпопуларните телефони на Nokia.
6. 2900 mAh батерија со опција за „брзо полнење“
Батериите секогаш се во фокусот, па Samsung планира да вгради огромна, 2900 милиамперска батерија во својот нов телефон. Освен тоа, ќе постои и опција со која телефонот би се полнел побрзо од нормалното.
7. Galaxy S5 може ќе поседува скенер на отпечатоци
Кога iPhone може да го има, зашто не и најпопуларниот телефон на Samsung? Засега ова не е воопшто потврдено, но се очекува Samsung да му одговори на Apple…на еден или друг начин! 🙂
8. S5 со метално и пластично куќиште!
Една од „најлудите“ гласини е дека Samsung ќе претстави не еден, туку два дизајни за својот нов телефон. Едниот дизајн би бил изработен од пластика, додека пак вториот ќе биде изработен од метал (најверојатно алуминиум). Компанијата долго време е критикувана дека работи со „неквалитетна“ пластика, па можеби ова е вистинското време да се одговори на тоа!
9. Galaxy S5 доаѓа во март/април
Според одредени извори, Samsung воопшто не е задоволен од продажбата на пазарот на Galaxy S4, па би можел да го промовира и продава Galaxy S5 порано од очекуваното. Galaxy S серијата започнува да се продава кон крајот на април/почетокот на мај, но овојпат можеби тоа би било кон средината на март или почетокот на април. Ние секако нема да се жалиме!
10. Цената ќе биде 600-700 евра
На договор, Galaxy S5 би чинел околу 200 долари, но на интернационално ниво, очекувајте цена од 600 до 700 евра.1. Galaxy S5 ќе поседува 5 инчен екран со резолуција од неверојатни 2560 x 1440 пиксели
Пред се, наша претпоставка е дека Galaxy S5 повторн