Четириесет и осум инчен шпорет со Android

Американскиот производител Dacor има интересен (и скап) предлог за вас. Како ви звучи да поседувате шпорет со Android оперативен систем? Станува збор за Discovery iQ Dual-Fuel шпоретот, кој доаѓа заедно со вграден 7 инчен Android таблет на предниот панел од уредот. Таблетот работи на Android 4.0, а постои посебна Discovery iQ апликација со сите функции на шпоретот и директно можете да го контролирате истиот преку екранот на допир.
Доколку 48 инчната варијанта ви е преголема, тогаш можете да го почекате 36 инчниот модел кој ќе биде понуден во текот на оваа година. Сеуште нема информации за перформансите на таблетот, но се претпоставува дека ќе бидат доволно добри за основните функционалности. Со ова се отвараат на голем број на нови можности за апликации кои самите ќе внимаваат што готвите и колку долго треба да остане истото во рерната! 🙂
Единствената негативна карактеристика е цената – 11,999 долари за шпоретот и таблетот…
Извор: gsm.mkСтанува збор за Discovery iQ Dual-Fuel шпоретот, кој доаѓа заедно со вграден 7 инчен Android таблет на предниот панел од уредот. Таблетот работи на

Пронајдете не на следниве мрежи: