Фото: „Брод робот“ ке го мери квалитетот на водата во Охридското Езеро!

Целосно автоматизирано пловило ќе го испитува квалитетот на водата во Охридското Езеро. Тоа е дел од светски најморедерната опрема која ја доби Хидробиолошкиот институт од Охрид, благодарение на трансграничниот проект за мониторинг на водните ресурси, што оваа научна институција во изминатите неколку месеци го реализираше во соработка со Универзитетот „Аристотел“ од Грција, јави Охридњуз.
Новата софистицирана опрема денеска беше презентирана на градското пристаниште во Охрид во присуство на претставници на општата болница, „Проаква“, научни работници и стручни лица од релевантни институции од Охрид.
Апаратурата обезбедува анализи на квалитетот на водата, нејзините билошко – хемиски својства, присуство на фосфати, нитрати…
Извор: ohridnews.comТоа е дел од светски најморедерната опрема која ја доби Хидробиолошкиот институт од Охрид, благодарение на трансграничниот проект за мониторинг на

Пронајдете не на следниве мрежи: