Како можете да знаете дали некој има добра идеа за производ кој може да го освои светот, добар показател се доброволно собраните повеќе од 100.000 долари.Тоа се случи со новиот производ кој го дизајнираше Нејтан Мамерт. Станува збор за Slate Mobile AirDesk, за чие производство Мамерт побара помош преку сајтот Kickstarter.
Во прашање е работна површина која може да ја олесни истовремената употреба на повеќе Епл уреди, пренесува магазинот Тајм.
Slate Mobile AirDesk е рачно изграден од бамбус со простор за лаптоп компјутер и дупчиња потребни за вентилација и проток на воздухот, со вградена подлога за маус и место за смартфон и таблет. Достапен е во три бои, и во додатна верзија посебно прилагодена за левучарите.
Мамерт својот производ го представи на Kickstarter, каде за краток период собра многу повеќе пари од онаа сума која што ја означи како почетна.
Со тоа, овој производ во средината на јануари ќе се пронајде во продажните центри ширум САД, а ќе може да се порача и по пат на интернет. Моменталната цена со попуст ќе изнесува 98 долари, додека редовната цена ќе изнесува 130 долари.
Извор: think.mkТоа се случи со новиот производ кој го дизајнираше Нејтан Мамерт. Станува збор за Slate Mobile AirDesk, за чие производство Мамерт побара помош пре
Пронајдете не на следниве мрежи: