Видео: Русите направија смартфон со преден и заден екран!

Во Русија од вчера започна продажбата на првиот руски смартфон, именуван како YotaPhone, кој го разви руската компанија Yota Devices.Производителот на уредот има план да се пробие на европскиот и блискоисточниот пазар, но не и на американскиот, каде има силна конкуренција.
„Ако добро помине на пазарот, за две до три години сите ќе не копираат“, изјави Влад Мартинов, извршен директор на Yota Device, алудирајќи на успехот на Епл со iPhone од 2007 година.
Аналитичарите пак, не очекуваат голем успех на Yota телефоните на пазарот, затоа што оваа компанија нема познато име и голем број фанови, како Епл.
YotaPhone на едната страна има LCD екран, а на другата електронски хартиен дисплеј, кој секогаш е уклучен, а е дизајниран да имитира пишување по хартија.

Овој електронски хартиен екран е погоден за преглед на содржини, од текстуални пораки, вети, до социјални мрежи, а може да послужи и за читање е-книги..
YotaPhone работи на Андроид, а во руските продавници ќе може да се купи за 600 долари, што е за 270 долари поевтино од IPhone 5c кој ја има истата меморија. Во Европа ќе чини 680 евра, а во ОАР 600 долари.
Производителот на уредот има план да се пробие на европскиот и блискоисточниот пазар, но не и на американскиот, каде има силна конкуренција.

Пронајдете не на следниве мрежи: