iPad е еден од најуспешните производи во историјата на Apple, во почетокот на месецот се продадени 170 милиони iPad – ови вкупно!На пазарот iPad го користат преку 80% корисници, тврдат од Apple, и додаваат како во App Store постојат преку 475.000 апликации направени исклучиво за iPad.
Уредот има нов 9,7 инчен екран, а самиот уред е 20% потенок од претходните уреди, така е најлесен од сите претходни, што го прави најсовршен и најлесен full size tablet на светот. Уредот има чип А7 кој е, исто така се наоѓа во новиот iPhone 5S. Процесорот и графиката се два пати помоќни од претходната верзија, истакнал Фил Шилер.
Уредот има поддршка за LTE, 5PM, iSight камера и други карактеристики кои може да се видат на сликата погоре. Цената на уредот изнесува 499 долари за 16 GB WiFi, додека остатокот од цената може да го видете подолу, а во продажба ќе се појави на 1 ноември.
Секој кој ќе го купи новиот iPad ќе има слободен iLife и iWork. Што се однесува на мини од 7,9 инчи, тој добил ретина дисплеј, нешто што се очекување од самиот почеток. Уредот исто така има чип А7 со 64 битна архитектура и има до 4 пати побрза графика и батерија која држи и до 10 часа. Уредите ќе бидат достапни кон крајот на ноември, а цената на послабите модели ќе чини само 299 долари.
На пазарот iPad го користат преку 80% корисници, тврдат од Apple, и додаваат како во App Store постојат преку 475.000 апликации направени исклучиво