Microsoft го објави новиот Windows 8.1!

Microsoft го објави Windows 8.1 апдејтот за свој оперативен систем. Новиот апдејт би требало да реши некој од проблемите на оригиналната верзија Windows 8, кои биле најмногу критикувани од корисниците. Новиот апдејт ќе го врати копчето „Start“ и ќе овозможи да се подигне системот под традиционална Windows desktop околина. Ова лансирање доаѓа во клучно време за компанија која во моментот е во потрага по нов шеф на продажба на PC компјутери.
Windows 8 би требало да го премости јазот помеѓу уредот со екран на допир, како што се смартфоните и повеќе традиционални уреди како лаптоп и десктоп компјутери. Како таков, поседувал интерфејс кој ги зачувал интерактивните плочки кои со допир можеле да лансираат одредени апликации. Промени кои Windows 8 ќе им ги донесе на корисниците:
-Страт копче – со еден допир се отвара интерфејс со плочките, додека со долго држење се отвара системот за контрола.
-Десктоп мод- им дозволува на корисниците во потполност да го избегнат интерфејс со плочки.
-Кратенки на тастатурата- Ја отстранува потребата да се избира помеѓу различната тастатура кога се куцаат бројки и букви.
-Контрола на гестови- Некои апликации, како оние за готвење, сега може да се прегледуваат бе допирање на екранот.
-Големина на плочка- Блоковите на интерфејс сега имаат 4 големини.
-Сурфањето- Windows 8, сега прикажува одвоени веб страници една до друга.
Покрај овие новости постијат и некои други промени во мулти таскингот и подобрување на линковите.
 Новиот апдејт ќе го врати копчето „Start“ и ќе овозможи да се подигне системот под традиционална Windows d

Пронајдете не на следниве мрежи: