Љубовен неделен хороскоп од 01.08 – 07.08.2016

Љубовен неделен хороскоп од 01.08 – 07.08.2016Овен
Вистинско време е да стапите во контакт со некој пријател од минатото или личност со која сте имале хемија еден кон друг, но никогаш не признавте. Почетокот на неделата е идеална да исфрлите се од себе, а постои можност и за повторна дружба. Од петок па до крајот на викендот, вашата моќ за убедување ќе биде импресивна па искористете ја за да ги подобрите односите во врската, а не за манипулирање.
Бик
Вашиот начин да искажете љубов нема да се вклопи најдобро со другата страна на почетокот на неделата, што би можело да предизвика копликации во комуникацијата. Нема начин да се поправат работите освен со разговор. Од среда до петок вашиот љубовен живот ќе блеска, бидете подготвени да остварите нови контакти. Во петок ве очекува возбудлива средба, а за викенд ќе сакате да бидете сами и тоа многу ќе ви годи. Пронајдете време за пријателите.
Близнаци
На почетокот од неделата ќе ви годи средба 1:1. Водете сметка да не претерате во тоа и да го загушите партнерот. Во среда и четврток вашата племенита и умана страна ќе дојде до израз. Вашиот партнер нема да сака да ве оптоварува со проблеми и ќе се обиде да ги сокрие, но вие читајте помеѓу редови и најдете му се на услуга, а кармта ќе ви врати за викенд што и да направите.

 
Рак
На почетокот на неделата внимавајте да не пропуштите нешто добро само поради тоа што ќе судите на осснова на „корицата на книгата“. Придадете му повеќе важност на некој на кој му значите. Среда, четврток и петок се поволни денови за запознавање на новиот партнер . Викендот би можел да ви донесе катастрофа во љубовта. Ако се случи тоа не очајувајте, тоа е вовед во голема среќа.
Лав
Сите работи врзани за вашиот љубовен живот во понеделник ќе ви изгледаат ветувачки и добри. Во средината на неделата, ако не водите сметка може да се случи вашето срце да биде скршено, а вие повредени. Останете на земја. За викендот вашата страствена природа ќе биде посебно изразена и ве очекуваат силни емоционални турбуленции. Внимавајте да не бидете премногу посесивни.
Девица
Пазете се од некој кој е постојано во движење, има многу обврски и немирен дух. Таквата личност би можела да ви го поремети вашиот живот и обврски. Ако имате партнер, во вторник, среда и четврток ќе бидете полни со љубов, романтични и нежни. За викендот на слободните Девици ќе им биде многу забавно , полни со енергија и атрактивни со позитивен дух. Уживајте.

 
Вага
Почетокот на неделата ќе ви донесат поволни и лесни начини за да ги решите проблемите и несогласиците кои ги имате во врската, па добро би било тоа да го искористите. Бидете подготвени на лавина комплименти од спротивниот пол, со оглед на тоа дека ќе бидете многу шармантни до крајот на неделата. Состанокот кој го планирате за викендот ќе помине одлично. Ве очекува флерт кој може да помине во нешто посериозно.
Скорпија
Време е да размислите за тоа каков е вашиот моментален љубовен живот. Вашето срце ви испраќа порака дека е време нешто да промените. Во среда, четврток и петок некој пријател може да ви стане нешто повеќе од тоа. Слободно впуштете се во тоа и занемарете ги сите стравови бидејќи се ќе се одвива најдобро што може. За викенд угодувајте му на партнерот, тој тоа ќе го цени а вие ќе бидете задоволни.
Стрелец
На почетокот од неделата некои работи кои не ви биле јасни ќе ви се разјаснат. Дали се позитивни или негативни резултатите ќе ви донесат мир. Во средина на неделата ќе морате да направите некој љубовен избор, кој нема да биде нималку лесен. Вклучете го мозокот и размислете добро за она што го губите а што добивате. За викенд вашите емоции ќе се менуваат многу брзо.

 
Јарец
Простувањето е едноставно и великодушно, но тоа мора да дојде од срцето. Ова важи за простувањето себеси а тоа мора да го направите на почетокот од неделата. Заборавањето од друга страна може да доведе тоа да не извлечете поука од лекцијата па да ја повторите грешката, поведете сметка за тоа. Вторник среда и четврток се одлични за флерт, жуки и состаноци и воопшто секакви журки и прослави. Бидете позитивни и насмеани. За викенд каде и да одите бидете убави бидејќи ве очекува незаборавна средба.
Водолија
Поработете на својот дух на почетокот од неделата. Насмевката не ве чини ништо а може да произведе позитивни карма и добри вибрации. Среда и четворток се поволни да се свртите кон себе и да размислите за вашите потреби, прифатете ги работите такви какви што се. За викенд ве очекуваат жешки случувања. Флертови ќе има насекаде па ако сте слободни не ја пропуштајте забавата. А паровите ќе уживаат еден покрај друг.
Риби
Почетокот на неделата нема да бидете расположени за склопување на нови контакти. Ве очекува познанство кое може да премине во нешто повеќе, затоа оставете ја вратата на вашето срце широко отворена, бидејќи на повидок е нова љубов. Ова важи и за оние кои се во врска. Бидете отворени и разговарајте за тоа што ви лежи на срце. За викенд уживајте во интимните моменти.  Овен
Вистинско време е да стапите во контакт со некој пријател од минатото или личност со која сте имале хемија еден кон д

Пронајдете не на следниве мрежи: