Љубовен неделен хороскоп 20.06.-26.06.2016

Љубовен неделен хороскоп 20.06.-26.06.2016Овен
На почетокот на неделата вишите инстинкти ќе бидат многу силни. Потпрете се на нив. Вашата енергија ќе биде многу силна и продуктивна. Меѓутоа на средина на неделата, веројатно во среда, ќе морате да ги исконтролирате своите емоции. Немојте да го гушите партнерот. Во петок и сабота трудете се да не станете премногу посесивни.
Бик
На почетокот на неделата ќе почувствувате нешто длабоко и силно. Тоа може да предизвика реакции кои ќе бидат непријатни за околината. Другата страна нема да знае што се случува. Смирете се и отворено зборувајте за чувствата. Во среда, повторно ќе се вратите во реалноста и ќе ве очекуваат денови исполнети со уживање во љубовта со партнерот. Во петок и сабота, ќе дадете се од себе да бидете убави за личноста која ве интересира.
Близнаци
На почетокот на неделата, очекувајтѕе промени на љубовен план. Ако сте во врска, партнерот ќе има нови барања од вас, а ако сте слободни, многу веројатно статусот ќе ви се промени. Среда и четврток потполно ќе бидат поврзани со љубовната страна во животот. Викендот поминете го мирно.
Рак
Ако на почетокот на врската сте очекувале напредок во врската, ќе бидете разочарани. Посвете се на себеси и направете нешто добро за себе. Во среда и четврток дистанцирајте се од луѓето кои ви солат памет за врската. Тоа е само ваша работа. Во петок и сабота ќе се чувствувате прекрасно. Доколку сте слободни, очекувајте пресврт.

Лав
Во понеделник ќе мислите на некоја стара љубов и ќе се обидувате да пронајдете одговори на некои нерешени прашања. Но, свртете се кон иднината, бидејќи околу вас има некој на кој  му се допаѓате, а нема храброст тоа да го покаже. Можно е тоа да се случи во среда или четврток. Вашата вродена страст ќе се разбуди за викендот.
Девица
На почетокот на неделата, ќе го запоставите партнерот. Тоа би можело да предизвика непотребни проблеми. Обидете се да разгварате смирено. Во среда на работа ќе запознаете интересна личност. За викендот се ќе биде како што сакате. Опуштете се и уживајте.
Вага
Убедени сте дека логиката е решение за вашиот љубовен проблем. Но, можеби е време да го вклучите срцето и да се опуштите. Во среда и четврток ќе бидете малку љубоморни. Во петок и сабота, ќе бидете особено романтични. Ако сте слободни, веројатно ќе привлечете некој интересен лик.
Скорпија
Некој или нешто може да ве излаже на почетокот на неделата. Држете ги очите отворени. Во среда и четврток, ве очекува некое откритие. Тоа ќе ве расположи и ќе го исполни вашето срце. Во петок и сабота ќе блескате, никој нема да може да ви одолее.

Стрелец
Кажете се што ве мачи на љубовен план. Вашата енергија ќе биде позитивна и искористете ја за подобрување на љубовниот живот. Во среда и четврток ќе уживате во убави моменти. Во петок ве очекува интересна средба.
Јарец
Во понеделник некој ќе ве разочара. Сочувајте ја самодовербата и смиреноста. Во среда и четврток очекувајте добра енергија. Ќе ви се случат убави моменти. Во петок и сабота малу одморете од се. Во недела очекувајте интересен повик.
Водолија
Пријателите на почетокот на неделата ќе ви бидат особено драгоцени. За слободните е бидат поддршка, а зафатените ќе ги потсетат колку се среќни во љубовта. Во среда и четврток ѕвездите ви испраќаат поволна енергија. Ќе имате позитивни промени. За време на викендот ве очекува возбудливо познанство.
Риби
Вие сте одличен говорник, кога е љубовта во прашање. Меѓутоа, понеделник ќе ви донесе конфузија. Но, не грижете се, такви ќе бидат околностите, нема да биде до вас. За донесување на важни одлуки искористете го четвртокот. За викенд препуштете се на желбите на срцето. Исклучете го разумот и уживајте.Овен
На почетокот на неделата вишите инстинкти ќе бидат многу силни. Потпрете се на нив. Вашата енергија ќе биде многу сил

Пронајдете не на следниве мрежи: