Неделен хороскоп за 30.03-05.04.2015

Неделен хороскоп за 30.03-05.04.2015Овен
Ситуацијата се нормализира, па поголем дел од обврските ќе ги завршите на време. Но, поради одредени деловни ситуации ќе морате многу да размислувате за својата супериорност, но не заборавајте дека другите не можат секогаш да го проценат тоа. На партнерот му наоѓате многу маани, но без него сепак не можете.
Бик
Деловната ситуација не е идеална, проблемите се повеќе се зголемуваат, но бидете уште малку трпеливи, затоа што наскоро ќе биде се подобро. За сега ќе мора да се задоволите со стандардната заработувачка. Одалечете се од личноста со која не ви годи да го поминувате времето и не се плашете на време да прекинете некоја врска.
Близнаци
Овие денови ќе ви се отворат многу деловни можости, некои од нив се поврзани со странство. Ве очекува значително подобрување на финансиската состојба. Заздравувате од напорната работа, но не оди така брзо како што очекувавте. Со партнерот ги остварувате заедничките соништа и во него го наоѓате сето она за што сонувавте.

 

Рак
Премногу се истрошивте физички во изминатиот период, па оваа недела намалете го темпото и соберете сила за нови проекти. Извесни проблеми ве блокираат и оптеретуваат. Нешто мора да направите, доколку сакате да излезете неповредени. Во текот на овој период ве очекува емотивна разрешница и нови љубовни почетоци.
Лав
Имате премногу работа, поради тоа е неопходно да бидете максимално трпеливи. Ако работите тимски гледајте да има взаемна почит. Размислувате за селење. Многу претставници од знакот повторно ќе се сретнат со личност од минатото со која ќе посакаат да ја обноват љубовната врска.
Девица
Го сакате она со што се занимавате, па секојденвните проблеми ги решавате лесно и без паника. Но, освен работа во животот има и други работи кои можат да ви предизвикаат радост, време е да ги проширите хоризонтите. Започнете најпрво со некое хоби кое ќе ви помогне подобро да функционирате. Внимавајте како разговарате со другите.

 

Вага
На работното место вешто манипулирате и со минимален напор очекувате максимални резултати. Во текот на целиот период околностите се на ваша страна. Затоа сега е време да се потрудите а не да чекате. Се наоѓате во фаза на промена, но уште не сте преминале од зборови на дела. Односот со саканата личност е хармоничен.
Скорпија
Тоа што нема доволно пари ги нервира Скорпиите. Ќе направат се само за да ја подобрат финансиската ситуација,  па ако треба цел ден ќе работат. Намалете малку со целите и ќе почувствувате олеснување. Со партнерот сте во одлични односи.
Стрелец
Оваа недела деловните активности ќе бараат дополнително ангажирање. Во прв план ќе бидете креативни, но потоа нема да наоѓате големо задоволство во работата. Пред вас се многу нови почетоци.  Конечно ќе посакате да ставите точка на работите кои ве оптеретуваат и исцрпуваат. Немате намера ни време да се замарате со туѓите проблеми. Слободните претставници ги очекува романтична средба.

 

Јарец
Опседнати сте со работа и со подобрување на финансиската состојба. Проментие ќе започнат да доаѓаат оваа недела. Во текот на целиот период ќе имате поддршка од планетите. Толерантни сте во односите со околината. Многу припадници планираат големи промени во емотивниот живот.
Водолија
Чувајте се од интриги и разни приказни кои кружат зад вашиот грб. Внимавајте на своите изјави колку и да се добронамерни не се прифатени така. Имате иновативни деловни решенија. Сите проблеми решавајте ги сами. Многу Водолии се наоѓаат во чуден љубовен триаголник.
Риби
Ова е одличен период за работа, конечно ќе ги решите сите проблеми кои ги имате на работното место. Ве очекува голем бран на оптимизам. Свесни сте за своите квалитети. Не враќајте се на минатото. Со партнерот одлично функционирате и имате добра комуникација. Овен
Ситуацијата се нормализира, па поголем дел од обврските ќе ги завршите на време. Но, поради одредени деловни ситуации

Пронајдете не на следниве мрежи: