Дневен хороскоп за 05.08.2014

Дневен хороскоп за 05.08.2014Овен
Ќе наидувате на пофалби кои изразуваат подршка и воодушевување. Прифатете ги со отворено срце и не заборавајте искрено да се заблагодарите на секој знак на внимание кој денеска ќе го добиете. Ако повеќе размислете ќе сватите колку многу има луѓе на кои искрено му сте важни.
Бик
Регулирајте се што можете денеска ова е доста поволен ден. Во се што ќе започнете ќе имате голема поддршка од околината, што исклучително многу ќе ви значи. Во љубовта ќе почуствувате извесна стагнација, односите со партнерот не ви се средени и ќе се обидете да направите нешто околу ова прашање. Ќе имате успех.
Близнаци
Односите со соработниците значително се поправаат. Очекувајте разговор со вашиот претпоставен кој ќе оди во ваш прилог. Финансиската ситуација е просечна, но секако дека треба повеќе да се ангажирате околу парите. Во љубовта ве очекуваат одредени потешкотии во односот со партнерот.

 
Рак
Тоа што денес  ќе го замислите ќе успеете и да го остварите. За квалитетен љубовен живот пресудни ќе бидат моментите поминати во нежност. Романтиката со партнерот уште повеќе ќе ве зближи. Домашните обврски ќе бидат на ваш грб. Плаќањето на сметките, грижата за децата и домашните задачи ќе ви бидат како тежина на главата.
Лав
Ве очекува успешна работа доколку се занимавате со некоја уметност, особено ако е во прашање книжевност. Очекувајте и поголема заработувачка доколку ја завршите работата најдобро. Бидете внимателни во односот со партнерот, бидејќи лесно можете да ја прекинете врската. Здравствената состојба е добра.
Девица
Денот ќе го поминете со некоја личност која ви е доста драга. Нејзиното присуставо ќе биде причина за вашето добро расположение, а и работите кои треба да ги завршите во текот на денот ќе ги завршите доста успешно. Бидете внимателни, кај вашиот партнер може да се јави мала доза на љубомора, доколку вашиот пријател е од спротивниот пол.

 
Вага
Постои можност од некој екстравагантен трошок од ваша страна. Некоја личност од женски пол ќе игра важна улога во врска со вашата финансиска положба. Интелектуалната активност ќе ви биде зголемена, но под силно влијание на чуствата. Не ја трошете попусто енергијата на долги разговори со банални теми.
Cкорпија
Некои работи денеска ќе ви тргнат наопаку. Не треба тоа толку многу да ве загрижува и наместо да губите време во чекање и паничење веднаш започнете со работите. Ќе бидете принудени да одлучите за некоја работа за која сеуште не сте сигурни. Внимавајте. Денска можеби нема да почуствувате голема љубов тоа може да бидат само бурни страсти.
Стрелец
Ако сте поврзани со странство, студии, уметност, мода со работа со луѓе, ќе ви се отвори вратата за се што ќе работите. Сите креативни работи ќе се движат по нагорна линија. Некои од вас ќе обноват една пријатна друштвена врска и познанство.

 
Јарец
Пред вас е работа која бара издржливост и познавање на материјата. Ќе сакате тоа што побрзо да го решите, но тоа не зависи само од вас. Нервозната никаде не ве води. Ќе ја имате подршката од пријателите или понуда за да отпатувате некаде. Прифатете се што можете. Некоја сака да ве освои.
Водолија
Работата е стабилна, но можни се и некои помали грешки , кога е бракот во парашање може да има проблеми, бидејќи не сте во најдобри односи со супругот/та. Водолиите кои не се во брак или врска ќе имаат можност да запознаат некоја многу интересна и привлечна личност.
Риби
Работата ќе ви претставува терет, но и покрај тоа сепак ќе морате да работите. Финансиската ситуација не е најдобра, но со обзир на тоа што друштвениот живот сте го запоставиле и тоа што го имате ќе ви биде сосема доволно. Кога е љубовта во прашање за жал со вашето однесување ќе го расипите веќе разнишаниот однос со партнерот.Овен
Ќе наидувате на пофалби кои изразуваат подршка и воодушевување. Прифатете ги со отворено срце и не заборавајте искре

Пронајдете не на следниве мрежи: