Вашиот карактер според ѕвездениот календар: Ежовите се бестрашни, делфините префинети и искрени…

Овој хороскоп го добил името според пророкот Заратруста, а секој месец е поврзан со тотем, односно животно кое го претставува карактерот на некој знак, со антитотем – темна страна од личноста.Зарастритичкиот систем е всушност предок на сите астролошки системи. Секој месец трае по 30 дена во овој соларен календар кој има 12 месеци. Вишокот од 5 дена (или шест кога е престапна година), се нарекуваат нулти или денови на плач и навреда за потрошеното празно време. Годината започнува со пролетната рамноденица 20-22 март.
Пронајдете го својот тотем и дознајте што ве чека:
ЕЖ (21 март – 19 април)
Суштина: бестрашност, верност, високи животни цели.
Карактерни црти и изглед: среден раст, темелна градба, остар нос и накострешена коса.
Ежот во себе носи две спротивставени природи: едната е сурова и немилосрдна, навикната на строг поредок, скептично расположена; додека другата е сентиментална и добронамерна. На прв поглед, ежот се чини дека е недостапен, но оние кои имаат блиски контакти со него можат да посведочат колку е деликатен и сочувствителен. Верува во љубовта за цел живот. Ако доживее разочарување во младоста, многу често останува сам до крајот на животот и тогаш фанатично и се посветува на работата, најчесто во областа од науката.
Антитотем змија: грациозна, магнетски привлечна, однадвор заводлива, но носи многу мрачни работи во себе. Напаѓа така што ги „успива“ противниците кои ќе стекнат доверба во неа и им задава удар кога најмалку се надеваат.

 

СЛОН (20 април – 19 мај)
Суштина: моќ, здрав разум, упорност и добра меморија.
Карактерни црти и изглед: висок раст, крупна градба, изразени црти на лицето.
Слонот ретко се збунува, нетрпелив е, упорен, сериозен и темелен. Неговиот дом и семејството се под голема заштита. Тој е одличен домаќин. Ако слонот ви е пријател, тој ќе ви помогне по секоја цена. На него може да му се доовери најодговорната и најтешката работа. Тој е одличен раководител.
Антитотем глушец: суетен, без здрава амбиција, зајадлив, пресметлив. Умее да се снајде во било какви околности, но кога ќе згусне бега во својата дупка.
ЗЛАТЕН ЗАЈАК (20 мај – 18 јуни)
Суштина: оптимизам, ерудиција, тежнеење кон совршенство.
Карактерни црти и изглед: нежно лице, златни локни, складна фигура.
Внесува радост и смеа во било кое друштво. Духовит и добар говорник. Многу е шармантен и знае да се забавува. Се труди да не им задава проблеми на другите. Зајакот како да е заштитен од некоја „виша сила“. На пример, кога е болен, најдобриот лекар случајно е на смена. Здравјето му е одлично и долго останува млад.
Антитотем воден стаорец: злобен, пренесува зараза од секој вид, најмногу е вмешан во сплетки, кавги и клетви. Лукав и расипан. Во секој момент е подготвен за напад.

 

ДАБАР (19 јуни – 18 јули)
Суштина: вреден, професионален, родољуб.
Карактерни црти и изглед: среден раст, чуден и брз од, нагли движења и гласно изразување на радоста.
Најдобрата животна улога за него би било да стане професор или учител. Тој со задоволство ги споделува своите знаења со другите. Веднаш наоѓа заеднички јазик со децата. Дружејќи се со него, луѓето ги покажуваат своите најдобри особини. Дабарот често прави тешки избори: приватен живот или науката, образованието, реализација во професијата… Што и да одбере, сигурно ќе вроди со плод.
Антитотем пајак: Црн, обично со пискав глас и појава која веднаш паѓа во очи. Манирите му се научени, но не може да се рече дека делува фино. Напаѓа зад грб кога има шанса, но кога нема – зајадливо навредува пред сите.
ОРЕЛ (19 јули – 17 август)
Суштина: чесен, одлучен, дисциплиниран.
Карактерни црти и изглед: висок раст, достоинствено држење, крупни очи и остар профил.
Орелот скоро да не може да направи нешто недостојно. Тој има вроден кодекс на честа. Судбината често го наградува со добар живот и голема среќа во љубовта. Притоа, тој често се заљубува на прв поглед, а ако чувствата се взаемни – како во бајката, тие ќе се заминат во палатата.
Антитотем скакулец: сее злоба помеѓу луѓето, непредвидлив. После своите дела остава пустош и несреќа од кои луѓето тешко се опоправуваат.

 

ВЕПАР (18 август – 16 септември)
Суштина: витештво, душевна чистота, проникливост.
Карактерни црти и изглед: среден раст, силна градба, немирна коса, ситни очи.
Вепарот е жесток и секогаш директно се движи кон целта. Знае да се снајде и во најтешките ситуации. Преферира физичка работа и затоа многу често има бавча или имот. Тој е во потрага по својата сродна душа и по некое правило, дури во зрелите години основа семејство околу кое ќе се врти целиот негов живот. Обично има многу деца.
Антитотем крокодил: не сака никого и ако може да напакости, со задоволство го прави тоа дури и ако нема некоја посебна корист. Чека поволем момент за да го нападне и уништи противникот. Доколку е потребно, со години е мирен и се подготвува за напад.
КОЊ (17 септември – 16 октомври)
Суштина: слободољубие, тврдоглавост, постојана потрага по нешто ново.
Карактерни црти и изглед: витка градба, станува покрупен со тек на годините, долг врат, тесно лице.
Коњот внесува ведрина во секое друштво. Сака да биде окружен со многу луѓе и ја сака тимската работа. Добро се чувствува во големо семејство. Главно е со исправено држење во животот, но со тек на време знае да направи проблем.
Антитотем жаба: крастава, лигава и со непријатна боја на гласот. Секогаш наоѓа оправдување за своите постапки. Подлоста и лагата не и се непозната работа.
ЧАВКА (17 октомври – 15 ноември)
Суштина: мудрост, проникливост, тежнеење кон усовршување и совршенството.
Карактерни црти и изглед: среден раст, потемна коса, цврст нос и темни длабоки очи.
Изгледа сериозно, дури и злокобно. Чавката не може да се покори, но ни самата не сака да владее. Најмногу и лежат соло улогите. Одговара само за себе и за своите постапки, но не бега од одговорноста. Знае да се дистанцира од луѓето што не и се допаѓаат. Често е и видовита. По правило, чавката малку подоцна стапува во брак или воопшто не заснова семејство. Во нејзиниот круг на пријатели влегуваат само одбрани луѓе, најчесто истомисленици.
Антитотем пупунец: ужива во својата несреќа. Тоа е енергетски вампир кој ја цеди целата енергија од човекот.

 

ПЕТЕЛ (16 ноември – 15 декември)
Суштина: импулсивност, одговорност, домаќински тип.
Карактерни црти и изглед: нешто повисоко од среден раст, убаво лице, продорен поглед.
Иако е импулсивен, петелот е многу дисциплиниран и практичен. Тој е столбот на куќата и умее сѐ да направи. Одлично работи неколку активности одеднаш. Не може да седи на едно место и многу патува.
Антитотем јастреб: најмногу сака да ги угнетува послабите и секојдневно сака да подбуцнува. Изјавите му се секогаш злобни, изречени со намера да навреди некој.
ЛОС (16 декември – 14 јануари)
Суштина: постојан, тврдоглав, рационален, сака чиста сметка.
Карактерни црти и изглед: висок раст, пропорционална градба, крупни очи.
Лосот е разумен и трезвен. Пред себе поставува забрани и си одредува задачи. Може да истрпи било што, доколку гледа дека нешто му има смисла. Ги цени роднинските и пријателските врски. Има добар карактер, но само за оние кои му се блиски и кои ги сака. Живее долго, а косата му побелува малку подоцна од вообичаеното.
Антитотем бубачка: ги бара најслабите точки на противникот и напаѓа кога некој најмалку се надева. Сурова е и цинична.
КАМИЛА (15 јануари – 13 февруари)
Суштина: трагање по вистината, независнот, пожртвуваност.
Карактерни црти и изглед: импозантност, крупна градба, големи и полни усни, малку сплескан нос.
Камилата е многу нестрплива. Ја цени слободата и независноста. Во бракот е многу среќна, но за да дојде до таа среќа подготвена е и неколкупати да се разведе ако е потребно.
Антитотем црна мачка: сензуална, отмена, задоволна од својот живот. Води двоен живот, дури и кога е во брак. Има двојна личност, бидејќи во себе спојува две суштини – домашна и дива мачка.

 

ПЕС (14 февруари – 15 март)
Суштина: оптимизам, самоиронија, предаденост кон идејата, дрскост.
Карактерни црти и изглед: малку потемен тен, среден раст, овално лице, длабоко всадени очи.
Се труди да одржи ред во својот живот. Ретко успева во животот, но ако се случи тоа веднаш му се покажува каде му е местото. Одличен е во чувањето на семејството и воспитувањето на децата, но е најголем противник е на било какви мешања.
Антитотем хрчак: остава впечаток на симпатичен и весел човек, но може да донесе многу неволји. Подол, завиден и развратен.
ДЕЛФИН (16 – 20 март)
Суштина: искрен, го привлекуваат пороците, префинет и сочувствителен.
Карактерни црти и изглед: низок, силна градба, детски шарм.
Делфинот го гледа животот како голема игра. Под покровителство е на вишите сили. Кој се осмели него да го навреди, бидува казнет.
Антитотем ајкула: нападна, темпераментна и рамнодушна кон туѓите неволји, ајкулата како метла ги расчистува сите од својот пат.Зарастритичкиот систем е всушност предок на сите астролошки системи. Секој месец трае по 30 дена во овој соларен календар кој има 12 месеци. Вишоко

Пронајдете не на следниве мрежи: