Неделен хороскоп 05.05.-11.05.2014

Неделен хороскоп 05.05.-11.05.2014Овен
Оваа недела ќе се чувствувате подобро. Направте промена, дозволете си нешто за себе. Тоа дополнително ќе ве расположи, но немојте премногу да трошите. На почетокот на неделата ќе имате многу работа.
Бик
Ќе почувствувате замор оваа недела. Одмарајте и угодете си на себе. Занимавајте се со некој спорт барем рекреативно. Повеќе време поминете во природа. Внимавајте што зборувате и на кого. Немојте постојано да зборувате. Бидете воздржани.
Близнаци
Доста нови познанства се можни. Не се откажувајте од своите идеи. Одморете се. Гледајте да не се нервирате за се и сешто и не ширете негативна енергија. Бидете со луѓе кои ве сакаат. Спијте повеќе оваа недела.

 

Рак
Многу сте комуникативни и убаво расположени на почетокот на оваа недела. Зборливи сте. Посветете му се на семејството. Грижете се за вашето здравје. Во текот на викендот средете ја куќата. Многу пријатели ќе ве повикаат на дружење.
Лав
Можен е прилив на пари кон средината на неделата. Бидете одговорни и правете се на време. Видете се со пријатели со кои одамна не сте се виделе. Викендот резервирајте го за забава и одмор. Можен е краток пат оваа недела.
Девица
На почетокот на неделава ќе се чувствувате многу убаво. Ќе имате зголемен налив на енегија. Во четврток посветете внимание на организација, затоа што имате многу обврски. Во текот на викендот посветете му се на партнерот, макар и одете само на прошетка.

 
Вага
Бидете позитивни и склони кон компромиси. На почетокот на неделата имајте повеќе енергија, додека од среда ќе опадне. Можна е ненадејна добивка на крајот на неделата. Не претерувајте со храната, особено со лутото. Во сабота ќе бидете комуникативни и добро расположени, па искористете го тој период за нови контакти.
Скорпија
Оваа недела не е баш добра за вас. Дружете се со пријателите. Разменувајте идеи. Потрудете се да одмарате повеќе . Подобро ќе биде од петок па тој период искористете го за завршување на се што сте започнале. Штедете пари.
Стрелец
Оваа недела ќе се чувствувате подобро. Имате вишол на енергија која треба конструктивно да ја искористите. Посветете се на работа. Немојте да бидете спори. Бидете темелни. На почетокот на неделата бидете организирани и точни. Не нервирајте се околу се. Важно е да бидете вредни.

 
Јарец
Поминете повеќе време со семејството. Потрудете се да насочите на себе не им угодувајте на другите. Можен е краток пат на почетокот на неделата. Некои планови кои одамна ги посакувате ќе се остварат. Ова недела посветете му се на партнерот.
Водолија
Многу сте комуникативни и убаво расположени. Доста убави вести ќе слушнете. Но, можни се и допишувања со партнерот или потенцијалниот, некои убави пораки стигнуваат до вас. Имате, многу работа. Бидете одговорни, особено кон крајот на неделата, немојте да работите повеќе работи исто време, затоа што ништо нема да одработите како што треба. Бидете реални кон себе.
Риби
Постојано имате желба да одите некаде да одите. Намалете со слатките. На почетокот на неделата посветете му се на партнерот. Бидете љубезни кон другите. Ако ви е потребна помош побарајте ја.  Овен
Оваа недела ќе се чувствувате подобро. Направте промена, дозволете си нешто за себе. Тоа дополнително ќе ве расположи

Пронајдете не на следниве мрежи: