За што се талентирани хороскопските знаци?

Бикот е добар готвач, ракот одличен писател, водолијата ја бива за технологија, лавот е за пред камери и рефлектори…Овен
Вашите вештини одлично може да се покажат на спортските терени, особено во автомобилизмот и мотоциклизмот. Сепак, меѓу вас има и такви на кои им лежат и сликањето, пеењето, но често и диригирањето. Исто така, поради вашата снаодливост и брзо реагирање, имате и талент за воени работи.
Бик
Влијанието на Венера ве прави одлични естетичари, па од вас може да создадете добар дизајнер, градинар, уметник. Сепак, најмногу во вас работи тоа гурманско чувство, па затоа најдобро ви лежи готвењето. Буквално уживате додека ја подготвувате и украсувате храната.
Близнаци
Близнаците се снаодливи кога станува збор за ораторските вештини. Тие може да успеат како некој новинар, поет или пак актер, но може да се пробаат и како водители на тлевизиски и радио емисии. Поради вашето брзо размислување, може да се снајдете и во професии поврзани со модата и естрадата.
Рак
Емотивните ракови се прекрасни поети и писатели. Но помеѓу вас има и такви со длабоки патриотски чувства, па многу од вас може да станат и добри политичари, министри или пак светски лидери. Вашата грижа за другите луѓе исто така може да дојде до израз и во професии како лекар, психијатар или пак воспитувач во градинка.

 
Лав
Лавовите го сакаат сето внимание на себе, и одлично успеваат да го постигнат тоа. Тие се родени за на сцена, било тоа во концертна сала, во театар, опера, балет, или на ТВ. Тие сакаат професии каде ќе се што повеќе експонирани. Лавовите се одлични модни креатори, пејачи, актери, танчери и слично.
Девица
Вашата желба за перфекционизам, естетика и знаење може многу да ви се најде во професии како инжењер, дизајнер, архитект, занаетчија и слично. Со вас владее Меркур, симбол на логиката, па вие би биле и одличен лектор, преведувач, наставник или економист.
Вага
Вие имате одлична способност за комуникација и убедување на луѓето. Затоа би биле одличен политичар, маректинг менаџер или пак актер. Како борец за правда, можете да се пронајдете и во судството и новинарството, а вашето око за естетика и убавина може да ве направи одличен моден креатор, козметичар или сликар.
Скорпија
Со вас владеат Марс и Плутон, па затоа ви лежат малку поопасни професии, како војник, пожарникар, управник на затвор. Покрај ова имате и уникатна способност да ги читате соговорниците, па затоа може да бидете и одличен психолог, психијатар или филозоф.

 
Стрелец
Јупитер ви дарил талент за правичност и подучување, па затоа вие би биле одличен адвокат, судија или професор. Исто така саката патувања и откривање на нови места, па затоа ви лежат и професии во туризмот, како туристички водич, фотограф, хотелиер и слично.
Јарец
Вам ви годат професии поврзани со наука и подучување, бидејќи сте мошне интелегентни и истрајни во своите намери и стварувањето на вашите цели. Исто така, поседувате остри сетила за ориентација во просторот, па затоа би се покажале и како добри архитеткти и инжењери.
Водолија
Вие живеете пред своето време, па затоа многу доцна ги откривате вашите таленти. Поседувате талент за работа со технологија, па затоа вие би биле одличен електроинжењер, програмер и информатичар. Поседувате и дарба за јазици и чувство за ритам, па би биел и добар филолог, професор или музички педагог.
Риби
Како најкреативен хороскопски знак, вие буквално како риба во вода пливате низ уметностите, особено сликарството и вајарството. Исто така имате и добра емотивна природа, па би биле и одличен психијатар, лекар болничар или учител.Овен
Вашите вештини одлично може да се покажат на спортските терени, особено во автомобилизмот и мотоциклизмот. Сепак, меѓ

Пронајдете не на следниве мрежи: