Еве што кажуваат ѕвездите за музиката што ја сакате…Овен
Иако сака хард-рок и техно, страствениот Овен е и голем љубител на класичната музика. Бидејќи ужива да диригира, обожава концерти и изведување на големи симфонии, а од композитори ги сака Бах, Дебиси и Бородин.
Бик
Хедонистичкиот Бик сака етно музика, трубачи, а срцето му заигрува кога слуша севдалинки и староградски песни. Обично ги собира музичарите околу својот стол и не им дозволува да си одат, нарачува песни и ги чести свирачите, а неретко го зема и микрофонот во рака за да ја запее својата омилена песна. За него стомачниот танц е вистинско музично сценско доживување во кое ужива, бидејќи го сака и ориенталниот звук.
Близнаци
Близнаците воглавно сакаат сè што е ново, го сакаат модерниот ритам, поп и рок музиката, рејв, хаус и техно, а во друштво знаат да се неодоливи бидејќи одлично имитираат, пејат, играат и ги забавуваат другите.
Рак
Ракот ужива во евергрини и музика со автентичен изворен народен мелос, бидејќи сака да се опушти со пијалок со пријателите. Тој умее од срце да заигра, а обожава да ги слуша и Чајковски, Моцарт, Менделсон, Бетовен и Брамс.
Лав
Лавот ја сака секоја музика која му овозможува да го исфрли вишокот енергија, и тоа најчесто низ танц. Тогаш најчесто сите погледи се свртени кон него. Исто така тој сака хард рок, техно, но и домашни поп балади.
Девица
Девицата обожава филмска музика и балади, а од композитори го сака Шопен. Нејзиното расположение во весело друштво, со свирачи, во омилената кафана расте навистина многу.
Вага
Само што ќе влезе дома го вклучува радиото, само да има музика на сите страни. Вагата е романтична и сака поп балади. Ужива во класичната музика, а омилени композитори и се Чајковски и Моцарт.
Шкорпија
Страствена и бучна, Шкорпијата умее сосема да се опушти во боемска атмосфера во својот омилен ресторан, а како што е елегантна и привлечна умее да ужива во звукот на оргулите и хорското пеење. Сака инструментална музика, но и поп.
Стрелец
Стрелецот сака ритам кој го потсетува на музиката на Далечниот Исток, танците на афричките племиња, звукот на тапаните, но и техно музика.
Јарец
Иако изгледа воздржан и резервиран, Јарецот умее да се опушти во вистински кафански амбиент со црно вино и добра музика. Освен тоа, класиката е закон за Јарецот, а ги сака композициите на Шопен, Дебиси и Рахмањинов.
Водолија
Таа спие дење, а лудува навечер, бидејќи најмногу го сака диско ритамот. Меѓутоа, овој знак сака и византиска музика, оргули, гитара и Моцарт.
Риби
Ним не им е гајле колку е часот кога им е убаво и кога се во некој друг свет. Операта и балетот се како измислени за сензуалните и романтични Риби, па тие ги сакаат Верди, Пучини, Шопен, а особено нивните композиции за клавир и оркестар.
Овен
Иако сака хард-рок и техно, страствениот Овен е и голем љубител на класичната музика. Бидејќи ужива да диригира, обожава концерти и из