Неделен хороскоп за 24.03-30.03.2014

Неделен хороскоп за 24.03-30.03.2014.Овен
Вашиот мозок во понеделник ќе биде много повеќе остар отколку што е вообичаено, а со самото тоа и вашите зборови. Искористете ја оваа ментална надмоќ над другите луѓе и надмудрете ги луѓето со кои не сте можеле да излезете на крај во последно време. Во средината на неделата ќе се најдете во вртлогот на забавата и неодговорноста. Уживајте додека можете, со оглед на тоа што на крајот на неделата ќе ве дочекаат сите обврски за кои сте биле одговорни. Викендот е поволен за волонтирање и помош на некој кој ви е близок, а на кој таа помош му е потребна. Жртвувајќи се себеси, на себе помагате.
Бик
Во почетокот на неделата ќе бидете исклучиво шармантни. Толку, што ретко кој ќе може да одолее на вашата насмевка и ситни лукавства. Дури и ако моментално ништо посебно не ви е потребно, ова е поволен момент да добиете нешто од членовите на семејството и претпоставените на работа. Во втората половина на неделата би можело да се појават ситни здравствени проблеми. Припазете се и останете позитивни, бидејќи таквиот став е лек за се. Викендот е вистинско време да поработите на промена на своите лоши навики. Здравата исхрана или вежбите ќе направат да се чуствувате сјајно.
Близнаци
Во понеделник ќе бидете склони да ги осудувате и критикувате другите луѓе. Дајте се од себе да се воздржите од негативни и зајадливи коментари, како не би предизвикале расправија. Посматрајте го малку повеќе позитивно светот околу вас и спуштете се на земја, бидејќи и вие самите не сте совршени. Викендот ви донесува сериозен потфат кога работата е во прашање. Би можело да се искачите на многу повисоко скалило отколку што сте сега. Искористете ја ова поволна животна можност. Недела е ден поволен за љубов. Ќе ви се случи нешто незаборавно.Уживајте!

 
Рак
Обидете се со посебно внимание да пристпапите на еден службен проект, и тоа уште на самиот почеток на неделата. Разгледајте ги сите опции кои се пред вас. Исто така, пожелно би било да бидете во контакт со сите лица кои би можело да ви достават некои важни информации. Средината на неделата ќе им одговара на сите кои се расположени за нови пријателства. Доколку пак преферирате наредните денови да се осамите, тоа нека биде за викенд. Некои луѓе пред крајот на неделата едноставно нема да можете да ги избегнете. Потпрете се на сопствената интуиција кога романтиката е во прашање, посебно во сабота.
Лав
Во понеделник посветете внимание на сообраќајот – бидете внимателни при преминувањето на улица. Вторникот ви донесува нови симпатии и, генерално, позитивни промени на љубовен план. Настојувајте да ги избегнувате грешките од минатото. Интелектот ќе ви биде во полна сила од вторник па се до четврток, тие денови позанимавајте се со сите креативни идеи кои ви се вртат во мислите. Една од нив би можело да се однесува на некој нов професионален проект. За викенд поработете на личниот развој и едукацијата. Некои од најголемите желби би можело да ви се исполнат веќе во недела.
 
Девица
Уште на самиот почеток на неделата ве очекува напредување во кариерата. Понеделникот е поволен за насочување на енергијата кон истражување на нови можности или за повторно воспоставување на некои постари службени контакти. Доколку сакате, во средината на неделата можете да направите прогрес и на приватен план – шансите се на ваша страна. Би можело и добро да размислите на кого би сакале најмногу да му подарите слободно време во иднина.Четврток е поволен за долготрајни планирања. Било да е во прашање реорганизација на семејниот буџет или желба за дополнително усовршување, искористете ја можноста која овој ден ви ја донесува. Саботата е погодна за папирологија и забележување на сите идеи и соништа.

 
Вага
Неделата започнете ја со насмевка и на тој начин пополнете ја емотивната празнина кој ве исцрпува. Иако нема да ги решите сите проблеми, сепак ќе привлечете позитивни луѓе, па со самото тоа и позитивни случувања. Во среда и четврток ќе бидете преокупирани околу некој личен проект. Вашиот најголем непријател е досадата. Викендот ви донесува се освен досада, па затоа не грижете се. Мешавина од случувања, со силни и неизбалансирани емоции ќе предизвикаат после викендот да ви биде потребен одмор. Водете сметка да не претерувате.
 
Скорпија
Во понеделник финансиите ќе ве преокупираат повеќе отколку што е вообичаено. Вие нема да бидете под стрес, туку едноставно ќе сфатите дека тоа е неопходно и неодложно. Средината на неделата, од друга страна, ќе ви помине во знакот на љубовта. Ве очекува изненадување. Било да е од страна на вашиот партнер или од некоја личност која ви е наклонета, ќе се чувствувате позитивно и исполнето. За викенд ќе имате дополнителни задачи. Веројатно ќе биде во прашање некоја умствена работа. Во недела опуштете се и одморете се. Тоа е она што на сите понекогаш им е потребно.
Стрелец
Неделата која е пред вас ќе биде во знакот на реализирање на некоја замисла – можеби поврзана со работата, можеби приватна, но секако ќе бара труд и енергија. Ќе сакате да напредувате и да постигнете успех многу брзо, но немојте тоа да го очекувате. Ќе се појават многу ситни пречки кои ќе ви ја успорат работата. Но не грижете се. На крај се ќе заврши позитивно за вас. Многу е можно некој пријател од кого сте очекувале многу помош да ве остави на цедило. Некој семеен проблем кој ве измачува веќе подолго време за викенд конечно може да биде решен со сплет на повеќе среќни околности.

 
Јарец
Уште на самиот почеток на неделата настојувајте да останете прибрани и сталожени. Не постои ниту една причина да губите нерви поради неважни работи. Не се обидувајте да исправувате туѓи „криви Дрини“. Веќе од среда работите ќе почнат да се поправаат, посебно кога е во прашање љубовниот живот. Постои голема шанса да откриете дека поседувате силни емоции кон некого од вашата непосредна околина. Припадниците на овој знак кои се наоѓаат во една подолга и стабилна врска, ќе можат истата да ја подигнат на повисоко ниво. Во четврток нема да бидете подготвени за промени од било каков вид. Викендот е поволен за нови почетоци.
Водолија
На самиот почеток од неделата до вас ќе пристигнат информации кои ви се многу важни. Внимателно размислете како со нив ќе постапите. Во вторник следуваат позитивни промени во работното опкружување. Вести од странство може да очекувате веќе во среда и тогаш повторно ќе воспоставите некој одамна заборавен контакт. Исто така, среда е поволен ден за привршување на што е можно поголем број на работни обврски. На семејството посветете се најдоцна во петок. Не би било лошо за викенд да организирате дружење со луѓето кои ви се драги. Посебно се добредојдени луѓето со кои поради обврските веќе подолго време не сте во контакт.
Риби
Во понеделник е најважно да не донесете избрзани одлуки и никаде да не брзате. Избегнувајте го стресот и непотребното трошење на енергија. Работите ќе се средат кон средината на неделата, тогаш пред вас ќе биде поставен некој нов проект. Размислете дали сакате во него да учествувате и што е најважно, дали ги имате неопходните квалификации. Четврток е поволен за кратки патувања, но доколку имате доволно време размислете за продолжен одмор. Настојувајте во петок да прифатите совет од личност од вашето непосредно опкружување. Викендот искористете го за занимавање со активности кои ве опуштаат и оплеменуваат.
РепубликаОвен
Вашиот мозок во понеделник ќе биде много повеќе остар отколку што е вообичаено, а со самото тоа и вашите зборови. Иск

Пронајдете не на следниве мрежи: