Тибетски хороскоп: Откријте кој пат е само ваш!

Тибетскиот хороскоп има 12 знаци кои означуваат 12 патишта. Секој човек има свој пат до мудроста кој се заснова на описите на минатите животи, а датумот на раѓање ја открива судбината на личноста.Овен – 21.3. – 20.4. – Реинкарнација
Не сака монотонијата, има енергија како борец што за оваа личност ќе биде добро да работи во социјални институции, каде би имале контрола на вашиот импулсивност. Овенот би требало да го живее животот сега, во сегашноста, да медитира, да пронајде радост во животот и да гледа напред.
Бик – 21.4. – 20.5. – Создавање на духот
Овој знак претставува мудрост, убавина, земна љубов и уметност. Има сигурност, поради минатите животи, но треба да работи на задоволување на внатрешниот живот. Би требало повеќе да се фокусира на психа, помалку да се сомнева и да ја намали конзервативноста.
Близнаци – 21.5. – 21.6. – Психичка и духовна еволуција
Овие луѓе се способни, интелигентни, внимателни, љубопитни, а сепак од друга страна се лажливи, кога нешто ќе почнат речиси никогаш не одат до крај, тие сакаат да постигнат духовен мир, но тоа никако не им оди од рака. Често го менуваат расположението, а меѓучовечките односи не им одат премногу добро.

Рак – 22.6. – 22.7. – Раѓањето на човек
Претставува мајчинството, сопруга, емоции и тело. Со цел да се заштитат од надворешните влијанија тие ретко ги изразуваат своите чувства. Тие сакаат семејство и тука ја наоѓаат сигурноста. Тие можат да бидат премногу чувствителни и посесивни, па останатите често бегаат од нив.
Лав – 23.7. – 23.8. – Универзална свест
Овие луѓе сакаат да се докажат и да бидат во центарот на вниманието, а она што им е најважно е она материјалното. Многу од нив се егоистични, па тешко им е да постигнат рамнотежа меѓу реалноста и свесноста.
Девица – 24.8. – 22.9. – Материја
Критични луѓе кои често се жалат и често се незадоволни. Нивната ограниченост ќе се претвори во себичност, а духовно тешко созреваат ако не престанат да се посветуваат со себе.

Вага – 23.9. – 22.10. – Чувствителна експанзија
Вагите се двоумат помеѓу материјалното и духовното, активни се и темпераментни, многу се емотивни, многу колебливи и затоа го губат она што или кого го сакаат.
Скорпија – 23.10. – 22.11. – Желба за вечен живот
Ги привлекуваат земните страсти и сакаат да уживаат повеќе од нив, привлечни се, себични, посесивни. Тие се во постојан конфликт со духот и материјата, како и во борбата со емоциите и сексуалните импулси. Треба да дознаете како да бидете поразумни и помалку деструктивни.
Стрелец – 23.11. – 21.12. – Патот до созревање
По правило се задоволни луѓе, го сакаат материјалното, уживаат во работите на земјата, но го сакаат и духовното. Тие се многу дарежливи, понекогаш се фокусирани на ирелевантни работи и тоа треба да го променат.

Јарец – 22.11. – 20.1. – Супериорно знаење
Овие лица може да бидат сериозни, не само за себе, туку, исто така, за другите, поседуваат клуч за наоѓање на границите на земјената духовност. Често сакаат да ги наметнат своите ставови, многу често погрешно протумачуваат.
Водолија – 21.1 . – 19.2. – Можност за избор
Тој е одговорен знак, знае да стои цврсто на земја. Го подарува своето време, дел од себе и луѓето тоа го ценат, често погрешно се разбрани и се плашат дека другите нема да ги прифатат.
Риба – 20.2. – 20.3. – Враќање на светлоста
Водат добар внатрешен живот, но и духовниот не им е стран. Рибите би требало да изберат полесни патишта и начини и да се препуштат на нив.Овен – 21.3. – 20.4. – Реинкарнација
Не сака монотонијата, има енергија како борец што за оваа личност ќе биде

Пронајдете не на следниве мрежи: