Љубовен неделен хороскоп 24.02.2014-02.03.2014

Љубовен неделен хороскоп 24.02.2014-02.03.2014Овен
Оваа недела Овните ќе станат помалку комуникативни, така и новиот број познанства  ќе се смали, но шансите некој да се впушти во љубовна врска и понатаму ќе бидат солидни. Оние пак кој се во врска ќе очекуваат пораст на напнатоста во својата љубовна врска.
Бик
Биковите оваа недела имаат подобра комуникација со партнерот, а слободните можат да имаат голем број на состаноци и познанства, па некој може лесно да им се допадне.  Емотивната напнатост во љубовните односи ќе се намали на крајот на неделата, така што партнерските односи ќе влезат во многу опуштен период.
Близнаци
Близнаците оваа недела ќе поминат многу мирен период, а на многумина ќе им биде потребно време поминато во осаменост. Слободните припадници на знакот ќе имаат тешкотија да воспостават нови контакти, често ќе чувствуват и дополнителна нервоза. Можни се тајни љубовни врски.

 
Рак
Раковите оваа недела ќе почувствуваат голема напнатост во приватните односи, можно е да дојде до некои расправии со партнерот, така што на многумина ќе им биде потребно повеќе трпение.  Слободните ќе имаат голем број на контакти.
Лав
Лавовите оваа недела ќе имаат проблеми со комуникацијата со партнерот, па во текот на овој период може да дојде до расправии во врската. Многу нервоза може неповолно да влијае на љубовниот живот. Слободните ќе бидат склони кон кратки љубовни врски.
Девица
Девиците оваа недела влегуваат во многу поволен период кој ќе им ја зголеми самодовербата, па така ќе привлечат и нови луѓе во својот живот. Напнатоста која ја чувствуваат ќе се намали. Односот со партнерот ќе стане многу позитивен.

 
Вага
Вагите оваа недела ќе чувствуваат напнатост во врската, кон средината на неделата ќе имаат сериозна расправија со партнерот. Слободните припадници ќе имаат шасни за нови контакти во врската.
Шкорпија
Шкорпиите оваа недела ќе бидат во многу активен период  на емотивен план. Комуникацијата со партнерот може да се реши. Слободните ги очекуваат нови контакти.
Стрелец
Стрелците оваа недела главно можат да сметаат на стабилни односи во својата врска, иако се можни мали неразбирања во врската. Нови познанства се можни преку работното место.

 
Јарец
Јарците оваа недела ќе чувствуваат нагласена емотивна напнатост  која ќе се пренесе на партнерот, па во врската ќе дојде до расправии. Слободните припадници може да имаат шанси да сретнат личност која ќе им се допадне.
Водолија
Водолиите оваа недела може емотивно д аги заинтересира личност која е во врска, а оние посмелите може да започнат  и тајна врска. Зафатените припадници ќе чувствуваат зголемена напнатост во комуникацијата со партнерот.
Риби
Рибите оваа недела можат да чувствуваат напнатост и неразбирање во љубовната врска, а комуникацијата со партнерот ќе стане позитивна. Слободните ќе имаат поголема шанса да започнат сериозна љубовна врска.Овен
Оваа недела Овните ќе станат помалку комуникативни, така и новиот број познанства  ќе се смали, но шансите некој

Пронајдете не на следниве мрежи: