Месечен хороскоп: октомври 2013

Месечен хороскоп: октомври 2013Овен 21.03-2о.04
РаботаСонцето во знакот на партнерството, соработката, правдата, ќе му дадат на овасоѕвездие големи амбиции и планови за нови идеи. Почетокот на месецот и првитенедели ќе бидат исполнети со желби за успех. На нивно изненадување ќе се појавинекој, кој би можел да помогне или барем да препорача добра работа. За женитеОвен, не би било лошо да започнат со остварување на своите идеи во областа науметноста, креативноста, работата со деца и млади. Машките Овен би имале успех во работата со јавност, политика или трговија. Еден Шкорпион, Лав или Вага ќебидат важни во вашиот деловен живот, но исто така ќе ви отворат можност да сезапознаете со многубројни соработници. Парите кои ги очекувате веќе подолгпериод би можеле да ви стасаат во втората половина од месецот. Потребно е дапосветите внимание во периодот на втората половина од месецот, поради Меркуркој може да стопира некои соработници кои се спремни на вложување. Некогаш еподобро да го заобиколите овој аспект бидејќи ако тргне лошо, сигурно ќе ве следиподолг период од животот. Добриот период е секако втората недела и самиот крајна Октомври.
Љубов
По својата авторитетна природа Овенот знае да го одбие партнерот, најчестопоради цврстиот став и преголемиот авторитет. Со планетата во љубов во осмото поле на страст, можете да привлечете и личност која е зафатена или некоја која премногу флертува. Секако влегувањето во Венера, во деветото поле ќе даде повеќе шанси и слободен пристап на партнерот, но исто така и познавање на патувањата.
Слободните Овени би требало повеќе да се движат и да патуваат овој месец,поголеми се шансите да склучат нови пријателства. Овените во брак или во врскаимаат силна потреба својот партнер додатно да го вработат. Тие мислат деканивниот партнер не работи доволно и дека мора повеќе време да поминуваработејќи и создавајќи за куќата или семејството. А Меркур им донесува вести востарата врска, старата љубов.
Здравје
Морате да внимавате на очите, рбетниот столб како и кардио системот. Склони стеда претерувате во почетокот на месецот на работа, со што ќе го доведете вашетоздравје во прашање.Вие би требало да користите лековити билки наместо хемискилекови, бидејќи со помош на овие природни помагала вие се чувствувате подобро.Не би било лошо да во својата алтернативна терапија користите кристали и тоацрвениот Корал кој би ја покренал вашата енергија во љубовта и би ги прочистиллошите енергии од минатата карма, потоа вселенски камен кој се препорачувасекоја жена да го има покрај себе, бидејќи представува штит од негативнитевлијанија. Доколку сакате да вежбате, тогаш би било добро да започнете со јога,бидејќи ќе можете да го зајакнете вашиот имунитетен систем.
Бик 21.04 – 20.05
РаботаОктомври е месец кој е задолжен за секој нов почеток посебно за родените во овасоѕвездие, бидејќи енергијата на Сонцето се наоѓа во вашето шесто поле на работа и здравје па природно ве штити од лошите влијанија и ви дава екстремно голема моќ.
Како времето поминува, така ќе добиете повеќе сила и енергија да продолжите соработа. Марсот, кој се наоѓа во самиот почеток на месецот се наоѓа во четвртотополе, кое представува помеѓу другото и приватна работа, покажува дека се премногу загреани да застанете на свои нозе и да продолжите со темпото како и порано, но да започнете нешто ново доколку сте на почеток на самата приватна кариера.Соработката со земјените знаци мора да биде од помош, а Јарецот како и секогаш ви е фактор за сигурност и стабилност во работата.
Љубов
Марсот во Лав ќе ви даде фаталност, но и позитивна агресија додека покасно совлегувањето на Марс во Девица ќе имате поголемо разбирање и нема да трчатеочајнички во секоја прегратка. Вашиот природен владетелн Венера е во Шкорппија,во седмото поле на партнерството, бракот и заедницата, ќе ви даде личност која етаинствена, посебна, со црна коса и длабок поглед. Но, понекогаш може да сепокаже и спротивното, односно да речеме машките Бикови ќе сретнат жена сосветла коса, можеби постара од нив. Оние Бикови кои се во брак можат да имаатзатворен контакт со партнерот во текот на првата половина на месецот, додека вовтората ќе имаат нагло зближување и вложени напори за бракот или врската даопстане и продолжи како заеднички живот. Овој месец е период кога повеќеприпадници на Венера, родени во овој знак влегуваат во брачна заедница илибарем во заеднички живот.
Здравје
Иако ви е тешко да се контролирате кога е во прашање исхраната, секако на жените им се советува да се хранат по пат на природни сокови или популарните шејкови кои ги даваат потребните витамини на организмот додека е неопходно вишокот на масни наслаги да се елиминира. Биковите иако се помалку мрзеливи можат на себе да си помогнат и со кристална терпаија. Со Горскиот кристал, силниот камен кој негативната енергија ја претвора во позитивна. Што се однесува до физичките активности, ако имате силен Марс во наталната карта на пример во Овен, Шкорпија, Јарец, тогаш морате да одите во првата теретана, ако тој е во некој интелектуален знак, тогаш би требало слободното време да го поминете во шетање во природа или покрај река.

 
Близнаци 21.05 – 20.06
РаботаОктомври е важен месец, бидејќи е месец на трансформација. Сонцето е во знакотна Вага во партнерство со Јупитер од полето на парите, материјалната состојба,дава дополнителни напори да се заработи со голема работа и личноста да сеиздигне тогаш кога и е најтешко. Близнаците имаат една моќ во себе, а тоа е секојклиент доброволно да го присвојат до себе. Меркур, како владетел во ова соѕвездие ќе биде во помала функција, и секако треба да се внимава на договорите кои се потпишуваат. Втората половина од овој месец е нагласена за оние кои се родени во втората и третата декада на овој знак. Втората декада би можела да има интензивно деловно патување, додека третата може да посвети внимание за соработниците и опкружувањето. Шкорпијата, како соработник би можела да биде од помош пред крајот на месецот. Добрите денови за договор се вторник и четврток, а парите обично стигнуваат пред крајот на секоја недела во месецот.
Љубов
На Близнаците кои се во брак им предстои прилично добар месец со партнерот,дури и тој ќе ви предложи да отидете некаде, на неколку дена се со цел да внесетединамика и да ја разбиете досадата од секојдневното живеење. Оние кои имаатврска и подолг период се во заедница можат да влезат во некоја флерт-врска соколега од работа. Треба да се биде внимателен. Жената Близнаци е навистинаинтересна и привлечна за спротивниот пол, тешко им паѓа на мажите да одолеат на личност која има чувство за хумор и да може да ги опушти. Додека машкитеБлизнаци имаат проблем во тајната врска, мора да водат внимание за својот“Паричник”.
Здравје
Посветете внимание на урогениталниот тракт, посебно во периодот од вторатаполовина на месецот. Најдобар совет за Близнаци е секогаш да се движат, еденполесен облик на тренинг.

 Рак 21.06 – 22.07
Работа
За да успеете да зачекорите напред на професионален план, ќе мора да се социјализирате со влијателни луѓе по завршувањето на работното време. Во опуштена атмосфера ќе извлекувате многу корисни информации со чијашто помош ќе се движите побрзо кон успехот.
На 19 септември полната месечина е во риби, вашата визионерска куќа на претприемништвото и патувањата. Некое патување може да ви овозможи контакт со влијателна личност која ќе ве донесе поблиску до голема заработка.
На 20 септември Плутон ќе го прекине своето ретроградно движење во вашиот сектор на партнерствата. Ако сте имале проблем со одреден бизнис соработник, тогаш ќе успеете да ги надминете несогласувањата. Можно е да пронајдете инвеститор за реализирање на некоја ваша идеја.
Љубов
Почетокот на септември ќе ви донесе расположение за љубовни средби во домашна атмосфера. Венера, планетата на љубовта и убавината, во првите десет дена од месецов ќе престојува во вашиот сектор на домот и семејството. Ќе ги обожавате филмските маратони со саканиот и средбите зад затворени врати. Раковите кои не се во врска ќе претпочитаат да ги минат ноќите дома со добра книга во рацете, наместо да се впуштаат во активна потрага по наредната љубовна приказна.
На 11 септември Венера, планетата на љубовта, ќе влезе во шкорпија, вашиот сектор на страста, романсата и флертувањето. Ќе се зголеми привлечноста која ја поседувате, затоа што нема да сакате да излезете од дома без да изгледате средени од глава до пети и без вашиот изглед да вклучува мала доза на гламур. Тоа значи дека нема да имате проблеми со привлекување на погледи од спротивниот пол и дека ќе ви биде лесно да влезете во врска ако тоа го посакувате.
На 20 септември Плутон ќе започне да се движи директно во јарец, вашиот сектор на сериозните врски. Ќе ви стане јасно зошто никнуваа мали проблеми во односите со партнерот. А откако еднаш ќе ја дознаете причината, веднаш ќе го најдете и решението. Раковите кои не се во врска ќе започнат да размислуваат за посериозно обврзување, а кратките авантури ќе ги ставаат на дното на љубовните желби.
Здравје
Во текот на првите три недели од месецов ќе бидете неуморни – ќе ве има насекаде и постојано ќе бидете полни со ведрина и енергија. Не запирајте, останете што поактивни.
Полната месечина на 19 септември ќе ви донесе дупли дози оптимизам и ведрина кои ќе ве направат неуморни и незапирливи.
По 22 септември вашата енергија ќе опадне и ќе поминувате сè повеќе време дома со вашето семејство, затоа што Сонцето ќе се премести во вага, вашата куќа на домот и семејството. Искористете го времето поминато во домашна атмосфера за експериментирање со нови рецепти за здраво хранење.
Лав 23.07 -22.08
РаботаПочетокот на месецот би можел да биде навистина динамичен и еуфоричен.Личност која е родена во знакот Овен или Рак може да ви помогне. Всушност иматезаеднички интерес и не треба да се оддалечувате едни од други. Ќе бидете водвижење и сигурно целиот месец ќе ви биде исполнет со кратки патување. На патможете да земете соработник роден во знакот Вага, бидејќи ќе ви биде одисклучителна помош и важност, поради тоа што ќе бидете подржани за секоја идеаод него. Шефот, директорот, личноста која врши контрола ќе биде нервозна, со самото тоа вие ќе го почувствувате притисокот. Пред крајот на месецот ве очекува успех и пари. Доколку работите во своја фирма, парите ќе ви стигнат уште понапред.
Љубов
Ќе бидете заинтересирани за Водолија или Стрелец. Стрелецот ќе ви овозможидобра забава, додека Водолијата ќе биде емотивно поврзана со вас. Оние кои се вобрак можат да имаат интересни вечерни забави. Младите во врска можат дапокажат сомнителност кон своите партнери кои сигурно нема да ги изневерат.Најдобро би било поголемиот дел од слободното време да го поминувате дома иливо втората половина од месецот на некои спортски настани, секако со вашиотпартнер.
Девица 23.08 – 22.09
РаботаОвој месец ќе биде со подобра атмосфера, подобри одлуки и одлична комуникација со соработниците и шефовите. Ќе имате голем успех во работата до крајот на октомври, или наредниот месец. Личностите кои се наоѓаат на ваша страна, ќе ја задржат својата позција. Ќе можете да унапредите некој кој подоцна ќе ви донесе повеќе соработници и познанства. Ова е период во кој многу проекти ќе експонираат и ќе бидат во полн ек, рекламите ќе бидат составен дел од лицето кое ќе се прикаже во јавноста. Посебен период за работа ќе бидат деновите околу 20-ти октомври. Буџетот ќе започнува да се зголемува од 13-ти октомври. Добар период во овој месец ќе биде секако и крајниот период од месецот.
Љубов
Доколку сте во врска не смеете на вашиот партнер да му дозволите да ви наметнува ограничувања. Наметнувањето на неговата воља врз вас може да биде опасност за вашата врска и самиот однос помеѓу вас. Девиците кои се сами овој месец можат да доживеат изненадувачка промена. Ново познанство на малите собири како кино, театар, помал локал или друштвото со пријатели. Овој месец ќе биде вистинска прилика конечно да се опуштите во некоја сериозна врска. Доколку сте во брак ќе имате повеќе работа со децата и нивното образование. Додека помалку време ќе си посветите вас, и на вашиот партнер.
ЗдравјеНема да имате здравствени промени, ниту пак проблеми. Сепак, Девицата е знак кој обожава да внимава на своето здравје. Некои Девици боледуваат одурогениталниот тракт, бубрзеите, така што најдобар совет е да се посветат малкуповеќе на физичките активности или внесувањето на разни лековити билки – чаевиво организмот. Нервозата е постојан сопатник на Девиците, така што најдобро бибило да се намали колку што може повеќе.

 
Вага 23.09 – 22.10
РаботаПочетокот на овој месец ќе биде важен деловен период за припадниците на овојзнак. Ќе имате позитивни промени во работата кои делумно ќе влијаат врз вас.Не се препорачува партнерство во овој период.Треба да се посвети посебно вниманиебидејќи во овој период може да се случи материјален губиток на пари, за да седовршат важни проекти.
Љубов
Во овој период ќе запознавате личности кои се харизматични, истражувачи, чудниавантуристи, но сепак личности со поголем паричник.Слободните ваги ќе имаатпривилегија да добијат поклон патување од некој пријател, каде што ќе можат да гозапознаат својот иден партнер. Ќе го препознаете на прв поглед, а врската ќе бидесериозна. Вагите во брак имаат добар период за љубов, бидејќи партнерот ќенаправи се за да они бидат задоволни.На младите Ваги во подолги врски им требаромантичен поклон или некое излегување.
Здравје
Проблемите со желудникот и силните главоболки му даваат импулс на октомври.Мрзеливоста и претераниот одмор се големи непријатели на овој знак, но доколкусте во можност да се занимавате со некој спорт, или било какви физички активносттоа би бил огромен напредок за вас.Транзитот на Меркур низ Шкорпион на многуВаги ќе им донесе непланирана бременост, абортус, или проблем со хормоните.
Шкорпија 23.10 – 22.11
РаботаНа Шкорпијата не и е тешко да работи, тешко и е да гледа како другите не работат.Шкорпијата внимателно ги избира своите соработници. Овој период ќе донесенеразбирања, лоши соработки, губење на документи и се што е поврзано со некаковвид на комуникација. Би било добро доколку околу втората недела од месецот сесоработува со личности од знакот Лав, а во третата недела со женски Стрелец.Доколку се одлучите за патување, тоа би било најдобро помеѓу 12 и 18 октомври. Не би било добро доколку склучите соработка со Вага или Бик. Потребно е дасоработувате со личности од областа на економијата, банкарството, малитепретпријатија или фирми кои се занимаваат со увоз и извоз на стока на големо.Најдобрите денови во месецот ќе ви бидат среда, четврток и сабота.
Љубов
Шкорпиите кои биле во врска, ќе посакаат да се вратат на она старото, па по секојацена ќе го бараат патот до тоа. Астролошки не е поволен моментот за враќање,можеби е подбро за оваа намера да почекате до следниот месец. Поради оваапричина не би требало да бидете нервозни или депресивни, погледнете кониднината, таму ве чека лице од знакот Овен, Риби или Бик. Во текот на овој месецќе имате флертување и со Вага и Шкорпија. Оние Шкорпии кои се во брак, мора давнимаваат на куќниот буџет, и имаат некој од фамилијата кој им се меша восемејниот живот. Слободните припадници на овој знак би имале можност да одатна некое место каде што би можеле да ја запознаат вистинската личност во нивниот живот.
Здравје
Психолошката нестабилност и внатрешните стравови би можеле да предизвикаат висок притисок или лоша венска циркулација. Понекогаш се посветувате на своето здравје, понекогаш не. Мора да бидете спремни на внатрешните промени во телото.

 
Стрелец
РаботаМора да се потрудите малку повеќе за да дојдте до целта. Припадниците на овојзнак што се занимаваат со професии како медицина, фармација или уметност преку филм, глума, режија, камера, фотографии, можат да бидат навистина инспиративни. Всушност, нивната инспирација доаѓа од тешкиот живот, борбата за опстанок и спасот од невозможните услови и ситуации во животот. Доколку работите на некое место кое следи разни организации, би требало малку повеќе да се организирате со финансиите.
ЉубовЌе имате чувство дека ќе сакате да бидете љубовници, тајна врска. Ваквиот став ќего заземе од другата недела, кога Венера ќе започне да влегува во вашето соѕвездие. Ќе имате нови познанства, излегувања, патување, разни облици на дружење и собирање со поголеми групи на луѓе. Тоа е она што овој знак го сака, по можност луксузен ресторан во центарот на градот или некоја популарна дискотека. Оние кои се во брак, би имале добар период поради тоа што конечно ќе излезат со партнерот на некое место каде што би поминувале време сами, или со своите пријатели.
ЗдравјеПотребно е да внимавате на вашето срце, очи и рбетниот столб.
Јарец 22.12 – 19.01
РаботаВо овој месец ќе ставите акцент на партнерството со вашите пријатели. ИакоЈарците, особено женските не се љубители на партнерство, овој пат ќе мора дапреминат преку некои од своите принципи. Доколку работите со Рак, ќе иматеодолговлекување на работата.Доколку вашиот соработник е личност од знакотШкорпион ќе имате одлична соработка, но малку отежната комуникација. Покана застранство можеби ќе добиете после 23-ти октомври, што би било добро да гоприфатите предизвикот. Доколку сте на позиција како директор, и предводите некојпроект, тогаш спремете се за неуредна администрација. Најдобар период за пари би бил од 17,18 и 24 октомври.
Љубов
Емотивно, Јарецот секогаш е жеден за љубов. Октомври е месец кога обично ќе сесретнат две души од минатото. Сигурно ќе се случи нешто. Но минатото е дел одсудбината и треба да се помириме дека тоа треба да остане во минатото. Мажот кој сака жена Јарец е некој кој е емотивен и стабилен за семејството. Тој е Бик, или Рак и сигурно ќе и овозможи стабилност.Бидете спремни да добиете покана од близок пријател за на пијачка или излегување. Оние кои се во брак, би имале краткододворување кое би завршило за многу кратко време. Јарците кои се во врска можат да очекуваат многу внимание од партнерот во овој месец.
ЗдравјеВодете грижа за крвниот притисок и урогениталниот тракт. Бубрезите и долниотдел од телото се симболични за Јарецот.

 
Водолија 20.01 – 19.02
РаботаСо полна силна и одлично завршени работи ќе биде обележан овој месец. Можетеда очекувате завршување на проектите кои започнале уште во летниот период.Првите три недели се плодни за соработка и преговори. Финансиски ќе стоитедобро во првите десетина дена од месецот. Тогаш би требало да работите најмногу и да заработувате. Поголеми приходи би можеле да очекувате после 3-ти октомври, а овој месец ќе ви овозможи и одлична соработка.
ЉубовОктомври ќе ви донесе многу нови познанства, посебно на оние кои се слободни.Пријателството е вистинскиот пат до сериозна врска. Не би ви препорачале давлегувате во веќе поминати искуства, бидејќи овој месец сигурно ќе ви донесезапознавање на нов партнер. На водолииите кои се во брак или сериозна врска имсе препорачува да одат на некое место полно со зеленило и свеж воздух. Водолиите секогаш сакаат нивниот партнер да се чувствува задоволно.
ЗдравјеОвој месец клучни компоненти за вашето здравје ќе представуваат чаевите илесната храна.
Риби 20.02 – 20.03
РаботаВо првата недела од октомври ве очекува патување во странство, соработка сонекои од далечните земји или барем разменување на деловни и работни искуства.До втората половина на октомври би требало да ви биде исплатена одредена сумана пари. Обидете се да соработувате со луѓе кои се опуштени во комуникацијата со другите, да речеме Вагата би ви била идеална.
ЉубовВо текот на овој месец ќе имате наплив од инспирација, а вашиот партнер ќе випомогне тоа да го претворите во реалност. Рибите и Близнаците и овој пат ќе виизлезат во пресрет, така да врската помеѓу вас, и припадници од овој знак би билаидеална. Жената родена во овој знак секогаш може да има два партнери, а третиотби ја чекал позади аголот. Овој знак ги привлекува мажите.
ЗдравјеВо почетокот на месецот може да имате висок крвен притисок и проблеми соногата кои ќе ви го отежнуваат движењето, но во текот на втората недела се би сепроменило на подобро
Извор: Think.mkОвен 21.03-2о.04
РаботаСонцето во знакот на партнерството, соработката, правдата, ќе му дадат на овасоѕвездие

Пронајдете не на следниве мрежи: