Најефтините дестинации во Европа

Екипата на As we Travel следните дестинации ги одреди како најевтини во Европа. Тие откриват дека цените варираат во секоја земја и дека во зависност од тоа каде патувате или ќе заштедите или ќе го пречекорите буџетот. Добро испланирајте ги трошоците пред секое патување за да се осигурате дека нема да ги потрошите средствата и за следниот одмор.
 Еве ги дестинациите за евтин летен одмор:
Босна и Херцеговина
Нејзината убавина е споредена со скапоцен камен. Има фасцинантни градови, прекрасна природа и пријатни луѓе. Автобускиот превоз е најевтин и најдобар за уживање во природните убавини. Домашната храна во рестораните е доста евтина, а градови кои треба да ги посетите се Сараево и Мостар. Кога веќе сте во оваапрекрасна земја, немојте да го пропуштите рафтингот на реката Неретва.

Португалија
Оваа земја со шармантни градови, љубезни луѓе и неверојатна храна е омилена дестинација во западна Европа. Во Потругалија се нудат различни активности, од сурфање на југот на земјата, истражување на ресторани по Лисабон до скитање по улиците во Порт на север. Овој град има поволни цени за сместување и храна.

Хрватска
Не е толку евтина како повеќето земји од источниот дел на Европа, но што се однесува до плажите таа е совршена замена за Грција (која и покрај кризата во земјата не ги намали цените). Според As We Travel, брегот е бескрајно убав, со необични рибарски места и острови со сјаен ноќен живот. Храната, сместувањето и пиењето се релативно евтини, а можете поволно да патувате по внатрешноста или да посетите некој од островите. Оние кои ќе се заситат од плажите може да прошетаат по улиците на Дубровник и Загреб, како и да се запознаат со нивната историја и култура.

 
Естонија
Оваа земја е омилена меѓу балтичките земји. Главниот град Талин е прекрасен, со шармантни улици од камен, интересни места за прошетка и пријателски расположени жители.

Германија
Овој град е издвоен бидејќи е поевтин од останатите. Летото не е толку топло во Берлин, како во останатите метрополи во Европа. Насекаде можете да најдете поволно сместување, евтини ресторани, пекари и барови.

Чешка
Некои можеби ќе се побунат дека Чешка не е евтина како порано, но сепак и понатаму е достапна за секого. Во центарот на градот може да се најдат евтини хотелски соби за иста цена како за хостел сместување во другите земји. Чешка сама по себе е прекрасна со интересни места кои вредат да се видат. Прага „градот на илјада кули“ е сè уште најпопуларен.

извор: lady.mkЕве ги дестинациите за евтин летен одмор:
Босна и Херцеговина

Пронајдете не на следниве мрежи: