Волво планира да ги замени клучевите со блутут апликација

Почнувајќи од 2017 година, Волво планира да стане првиот производител кој своите автомобили ќе ги нуди без клучеви.Наместо тоа, на сопствениците ќе им се нуди апликација на паметните телефони со која ќе се отклучува и стартува автомобилот.
Така, со помош на најобична блутут врска со паметниот телефон, автомобилот ќе ја отклучи вратата штом ќе се доближи сопственикот. Дури и моторите ќе се стартуваат според истиот принцип.
Ваквиот систем овозможува и полесно користење на автомобилот кај повеќе луѓе, бидејќи нема потреба за размена на клучеви и бројни привезоци.
Освен тоа, татковците и мајките ќе можат мирно да спијат знаејќи дека децата не им го возат скришно автомобилот, бидејќи сопственикот ќе мора да дава одобренија на секого којшто ќе сака да го користи автомобилот.
Имајќи ги во предвид сѐ подобрите и побезбедните системи за заклучување на телефоните, се чини дека ова е далеку посигурен систем отколку постоечкиот со клучеви.
Фото: pixabay.comНаместо тоа, на сопствениците ќе им се нуди апликација на паметните телефони со која ќе се отклучува и стартува автомобилот.
Така, со помош

Пронајдете не на следниве мрежи: