Новиот модел на Јагуар го привлекува вниманието!

Новиот Jaguar F-Type СВР, претставува вид на автомобил кој ќе привлече многу внимание оваа година.Веќе знаеме дека СВР располага со 575 коњски сили и ќе достигнува брзина над 320 км/ч.
Возилото треба му даде нов поттик на Jaguar Land Rover во конкурентската трка меѓу производителите на високата класа.
Под хаубата на СВР се крие 5.0-литарски компресор, V8 мотор ист како оној во F-Type R. Управувањето се одвива со осумстепена автоматска трансмисија и погон на сите 4 тркала.
Врв на промените е новиот издувен систем Inconel што треба да произведува прекрасен звук, но и да го намали обртниот момент.
Користени се лесни материјали и на тој начин успешно е намалена тежината на СВР на 110 килограми помалку во однос на F-Type R. При желба на клиентот, тежината може да биде намалена уште со карбон-керамички сопирачки и покрив од јаглеродни влакна.
Автомобилот забрзува од 0 до 100 км/ч за 3,5 секунди, во споредба со 3,9 секунди за F-Type R.
Новости има и кај дизајнот. Поширокиот преден браник опфаќа повеќе од тркалата, намалувајќи го воздушниот отпор.
Има и отвори на крилата, кои му овозможуваат на струењето да ја опфати кабината, како и активен заден спојлер за подобар стисок со патот при високи брзини.
Внатрешноста е луксузна, со опкружувачки звучен систем Meridian, навигација, кожни седишта и безжична апликација InControl што му овозможува на сопственикот да ја проверува колата од синхронизиран смартфон.
Jaguar F-Type СВР ќе го направи своето официјално деби на автомобилското шоу во Женева следниот месец. Почетната цена е 126.945 долари за купе и 129.795 долари за кабриолет.Веќе знаеме дека СВР располага со 575 коњски сили и ќе достигнува брзина над 320 км/ч.
Возилото треба му даде нов поттик на Jaguar Land Rov

Пронајдете не на следниве мрежи: