Денес е исклучително актуелен проблемот со безбедноста на патиштата. Причините за зачестените сообраќајни несреќи се многу, но важен фактор е заморот кај возачите.Се разбира, ништо не може да биде замена на спиењето и редовните одмори, но овие 5 апликации ќе ви помогнат да останете будни додека сте зад воланот.
Anti Drowse (iOS, бесплатно)
Пред да тргнете на пат, кажете му на Anti Drowse колку часа ќе бидете зад воланот. Апликацијата ќе вклучува аларм во одреден временски период за да ве држи будни. Апликацијата има платена верзија со цена од $ 0,99, која нуди широк спектар на звуци, плус вибрации и е без реклами.
Anti Sleep Driver (Android, бесплатно)
Голем број истражувања докажуваат дека сината светлина е исто толку ефикасна како и кофеинот за будење. Апликацијата Anti Sleep Driver може да ви помогне да се разбудите секој пат кога ќе почувствувате дека очните капаци ви се затвораат. Доволно е само да погледнете во екранот од вашиот смартфон.
Driver Alarm (iOS, бесплатно)
Ако патувате сами и нема на кој да се потпирате да ве следи дали заспивате додека возите, може да ја користите апликацијата Driver Alarm. Ќе треба сепак да го ставите смартфонот на пример, на шофершајбната, па неговата камера да може да ги следи вашите очи. Ако Driver Alarm потврди дека очите ви се затворени, ќе активира аларм со кој ќе ве разбуди.
Stay Awake While Driving (Android, бесплатно)
Оваа апликација ќе ве држи будни, бидејќи ќе ве тера да го притискате копчето „RESET“ во саканиот интервал. Оваа апликација е добредојдена во случаите кога не патувате сами, бидејќи вашите сопатници полесно ќе можат да забележат дека сте заспале зад воланот. Сепак, може да е ризично да го користите кога патувате сами, бидејќи притискањето на копчето може да ви го оттргне вниманието во одреден момент.
Drive Awake (iOS и Android, бесплатно)
Оваа апликација е многу слична на Driver Alarm, а освен тоа е прифатлива и за Android платформата. Едноставно вклучете ја апликацијата и ставете го телефонот во позиција во која тој ќе може да ги следи вашите очи.Се разбира, ништо не може да биде замена на спиењето и редовните одмори, но овие 5 апликации ќе ви помогнат да останете будни додека сте зад волано