Производителот на товарни возила DAF и производителот на приколки Krone, почнаа фабричко вградување на најновите зимски товарни пневматици на Goodyear.Најновата линија на зимски товарни пневматици на Goodyear, ULTRA GRIP MAX, со своите врвни перформанси за зимско возење ги воодушеви производителите на товарни возила.
Првиот производител кој нуди можност за вградување на пневматиците ULTRA GRIP MAX, е холандската компанија DAF. Превозниците кои ги нарачуваат новите камиони на DAF, имаат прилика за тешките зимски услови да ги изберат пневматиците ULTRA GRIP MAX Ѕ и ULTRA GRIP MAX D, во димензии 315/70R22.5 и 315/80R22.5.
Меѓу производителите на приколки, пневматиците од новата линија на Goodyear ги овозможи компанијата Krone. Овој реномиран производител ги одобри пневматиците Goodyear ULTRA GRIP MAX Т во димензии 385/65R22.5 и 385/55R22.5.
Новата серија за зимски товарни пневматици ULTRA GRIP MAX, може да се пофали со врвни перформанси, бидејќи напола истрошен пневматик сѐ уште обезбедува до 40% подобро приземјување и до 15% поголема километража.
Пневматиците за товарни возила и приколки можат да се пофалат со симболот на снегулка во алпскиот врв (3-Peak-Mountain-Snowflake – 3PMSF), кој претставува официјална ознака за пневматици кои можат да се употребуваат во тешки зимски услови, но и со симболот М + Ѕ.Најновата линија на зимски товарни пневматици на Goodyear, ULTRA GRIP MAX, со своите врвни перформанси за зимско возење ги воодушеви производителит