Ферариго претстави новиот суперавтомобил кој носи името F12tdf и претставува уникатен модел кој ќе се продава во лимитирана серија и е создаден за да оствари историски успех на компанијата.Од една страна тоа е трка на издржливост, во која компанијата доминира една деценија во 50-тe и 60-тите години на минатиот век со Ferrari 1955 250 GT Berlinetta.
Се разбира, ексклузивниот автомобил располага со импресивни карактеристики и ентериер од кои запира здивот и e базиран на најсовремената технологија во индустријата, пренесоа TheVerge.
Исто така, компанијата откри дека Ferrari F12tdf успеа да го подобри досегашниот рекорд за брзина на приватната патека Фиорано во Италија, каде што успеа да сврти еден круг за 1 минута и 21 секунди, што е точно 2 секунди повеќе од претходното врвно достигнување.
За да се постигне овој ефект, инженерите на италијанскиот бренд ја зголемија моќноста на моторот на автомобилот до 769 коњски сили, во споредба со 730 КС при стандардната верзија на F12berlinetta.
Брзиот агрегат на машината му овозможува да забрза од 0 до 100 км./ч. за само 2.9 секунди, а моделот ќе располага и со седумбрзински менувач со две спојки.
Исто така од компанијата споделија дека ова му овозможува на автомобилот да го подобри времето за менување на брзините со 30% кај високите и со приближно 40% при ниските брзини.
Самиот корпус на машината е лесен, со додавање на повеќе карбонски компоненти во панелите на вратите и алуминиумски материјали во подот и покривот. Компанијата не откри детали за цената на Ferrari F12tdf, но потврди дека ќе произведе само 799 автомобили во својата фабрика во Модена.
Погледнете го видеото:Од една страна тоа е трка на издржливост, во која компанијата доминира една деценија во 50-тe и 60-тите години на минатиот век со Ferrari 1955 250