На германскиот шампион му беа предадени службени Audi автомобили во Нојбург.Гетце, Рибери и Мартинез ќе возат Audi RS 7.
Фудбалските ѕвезди направиjа неколку брзи круга со Кристенсен шампионот од Ле Ман.
Играчите и тренерите на Баерн Минхен и оваа сезона ќе возат премиум автомобили од брендот Audi. Денес, во Нојбург, играчите ги добија своите нови службени автомобили од Audi. Дополнително четири фудбалери како совозачи, имаа можност да го почувствуваат вистинското Audi возачко искуство, уживајќи во брзото возење на Audi возачите: Том Кристенсен и Маркус Винкелхок.
Фудбалските шампиони се дружеа со мотоспорт шампионот Том Кристенсен, кој во својата кариера има победено дури 9 пати на познатата трка 24 часа Ле Ман. Томас Милер и Роберт Левандовски, стрелецот кој овој вторник ги постигна историските „пет гола игра”, имаа можност први да ја пробаат патеката во Нојбург. Марио Гетце и Дејвид Алба се возеа со шампионот Маркус Винкелхок. Со брзите кругови на тркачкиот автомобил Audi ТТ на симболичен начин беа предадени возилата.
Audi предвиде вкупно 50 автомобили за шампионот Баерн од Минхен. Фудбалерите можеа слободно да изберат еден модели од гамата на Audi a повеќето од нив се одличија за најспортските премиум модели. Дури осум играчи го избраа Audi RS 7 Sportback со 4- литарскиот TFSI мотор со тоа овој модел е најпопуларниот автомобил во тимот. На второ место според популарноста следи Audi RS 6 Avant за кој се одлучија Алонсо, Нојер, тренерот Гвардиола.Гетце, Рибери и Мартинез ќе возат Audi RS 7.
Фудбалските ѕвезди направиjа неколку брзи круга со Кристенсен шампионот од Ле Ман.
Игр