Mарија Шарапова го тестираше новиот Porsche Boxster Spyder

За Марија Шарапова овој момент беше како ас на Вимблдон, за време на нејзиниот претстој во Велика Британија. Амбасадорот на брендот Porsche го посети Porsche центарот во Мејфер, пред преземањето на новиот Boxster Spyder за тест возење. Спортскиот автомобил најпрво, во месец април оваа година, ја имаше својата светска премиера на меѓународниот автомобилски саем во Њујорк и воедно е најмоќниот Boxster кој Porsche некогаш го произвел.Тениската ѕвездата се здоби со навистина посебно возачко искуство возејќи го новиот моќен двосед со отворен покрив. Новиот модел го задржа независниот карактер на претходниот Spyder кој веќе си овозможи култен статус. Со класичен платнен покрив кој рачно се отвора и затвара овој спортски автомобил е достапен само со мануелен менувач. Како вистински кабрио модел, Boxster Spyder нуди традиционално возачко искуство на спортски автомобил, но со современи перформанси. Ова значи цврста спортска суспензија, 20 милиметри  поголемо растојание од подлогата, сопирачки позајмени од моделот 911 Carrera и 3,8 литарски мотор со шест цилиндари и моќност од 375 КС (276 kW). Boxster забрзува од 0 до 100 km/h за само 4,5 секунди.

Марија Шарапова го тестираше Boxster Spyder низ улиците на Лондон во областа Мејфер и беше видно импресионирана. “Ова е многу забавно и навистина возбудливо. Го сакам новиот Boxster Spyder кој е класичен спортски автомобил, но во исто време модерен и софистициран. Фантастичен автомобил, треба да си набавам еден! – изјави петкратната гренд слем победничка по тест возењето.
Тениската ѕвездата се здоби со навистина посебно возачко искуство возејќи го новиот моќен двосед со отворен покрив. Новиот модел го задржа независн

Пронајдете не на следниве мрежи: