Ова е најчестата грешка која луѓето ја прават со климата во автомобилот!

Големите жештини се иритантни, а посебно можат да го загорчаат возењето во автомобил и тоа кога многумина тргнуваат на долги патувања на море.Клима-уредите помагаат, но и тие треба правилно да се користат на најдобар можен начин.
Анхел Суарез, инженер во техничкиот центар на Сеат, објаснува дека една од најчестите грешки кои возачите ги прават со клима-уредите е претходно непроветрување на автомобилот.
„Ако ги отвориме прозорците на околу 30 секунди пред палењето на климата, првиот удар на топлина ќе се распрсне сам од себе“ – објаснува Суарез.
Исто така, тој препорачува користење на климата на автоматско подесување за да може рамномерно да се дистрибуира во внатрешноста, а советува и температурата да не се подесува под 21 степен со цел да се заштеди на потрошувачката на гориво.
Суарез предупредува и дека високите температури можат негативно да влијаат на возачките способности.
„Кога температурата во автомобилот е 35 степени, возачот реагира 20% побавно отколку кога е 25 степени. Тој ризик е еднаков на возење со 0,5 промили алкохол во крвта“ –  вели Суарез.Клима-уредите помагаат, но и тие треба правилно да се користат на најдобар можен начин.
Анхел Суарез, инженер во техничкиот центар на Сеат,

Пронајдете не на следниве мрежи: