петок, 27 ноември 2026
Најново

Марија Шарапова го претстави својот автомобил Porsche Panamera GTS

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

За време на посетата на нејзиниот роден град Сочи во Русија , амбасадорот на брендот  Porsche, Марија Шарапова го претстави нејзиното видување на исклучително спортскиот автомобили во луксузниот сегмент – Porsche Panamera GTS „од Марија Шарапова”.Оваа уникатна Panamera е одличен пример за трансформацијата на серискиот модел со дополнителни ексклузивни опции кои навистина го прават уникатно ремек-дело. Panamera GTS „од Марија Шарапова” прикажува еден многу личен поглед на дизајнот, посебен крој и ексклузивност – атрибути кои ја красат  меѓународната тениска ѕвезда. “Креирањето и конфигурирањето на Porsche Panamera беше многу возбудлив потфат.  Тоа ми ја отвора вратата кон еден сосема нов сензибилитет во дизајнот и ми дозволи да ја искажам мојата лична естетика. Јас не сум само врвен спортист, туку и дизајнер – со години дизајнирав колекции на луксузни додатоци, облека, дури и бонбони “, изјави Шарапова и додаде: „Никогаш не помислив дека на таа листа ќе додадам и автомобил – особено не Porsche. Toa e генијален спој на дизајнерскиот свет со автомобилската персонализација. ” Презентираниот модел се одликува со голем број опции од програмата Porsche Exclusive, кои го зголемуваат и онака широкиот спектар за конфигурирање и модифицирање на Porsche Panamera. Cо своите ексклузивни карактеристики ги исполнува сите желби на клиентите дури и повеќе од она што тие можат да го замислат. Секако моделот е целосно во согласност со сите барања на Porsche AG за квалитет и безбедност. Panamera GTS има бела боја; спортски, со висок сјај на надворешноста која се дополнува со LED светлата со новиот Porsche Dynamic Light System (PDLS+), затемнети LED задни светла , црн спортски издувен систем и 20 инчни Panamera спортски тркала во црна боја. Автомобилот Porsche Panamera „од Марија Шарапова” е опремен со кожа во внатрешноста со декоративни шевови во крем боја . Инструмент таблата е во боја на каросеријата, исто како и клучевите на возилото. На предните и на задните потпирачи за глава извезено е логото на Porsche, а на потпирачите за раце го има логото „Panamera GTS “. На прагот од карбонскте врати запишано е името на „Марија Шарапова”. Porsche Panamera GTS е опремен со 4,8 литарски V8 мотор со 440 КС ( 324 kW) при 6 700 вртежи во минута. Автомобилот забрзува од 0 до 100 km/h за 4,4 секунди, а максималната брзина изнесува 288 км / ч. Panamera GTS : потрошувачка во град 15,7 литри на 100 km; потрошувачка на отворен пат 7,8 литри на 100 km; комбинирана потрошувачка на гориво 10,7 литри на 100 km; CO2 емисија 249 g на km.Оваа уникатна Panamera е одличен пример за трансформацијата на серискиот модел со дополнителни ексклузивни опции кои навистина го прават уникатно р

Поврзани вести