Џенифер Кристин Харис од Ајова во САД, откако видела дека Вики Расмусен ја избришала од листата на пријатели, вечерта дошла до нејзината куќа и ја запалила. Многу луѓе лошо реагираат кога некој ќе ги избрише од листата на пријатели на Фејсбук, па оваа Американка сега се соочува со обвинение за обид за убиство.
Неодамна еден човек од Тексас заврши во притвор откако ја претепал сопругата која „стегнала“ Like на неговиот статус на Фејсбук за годишнината на смртта на неговата мајка.
Најновото истражување покажува дека возрасните луѓе за време на животот имаат само по двајца блиски пријатели.
Диктирано од современиот начин на живот, социјализацијата меѓу луѓето се сведува на голем број виртуелни, а се помалку блиски пријатели во секојдневието.
Според психолозите, уште од најмала возраст и училишните денови, единката покажува склоност за дружење во мали групи. Модерното време го карактеризираат врвни промени во однос на науката и технологијата, кои пак од поглед на социјалното живеење имаат негативни последици.
Во однос на дружењето меѓу младите, видливи се групирања во помали групи, како за време на часовите, така и за одморите или слободното време.
Постои значителен процент на лица кои немаат никој со кого би можеле да поразговараат за личните проблеми или некои важни теми.
Истото истражување покажува дека жените и високообразованите луѓе имаат помалку пријатели во животот. Многу луѓе лошо реагираат кога некој ќе ги избрише од листата на пријатели на Фејсбук, па оваа Американка сега се соочува со обвинение за обид за у