Volkswagen го прославува милионитиот автомобил Scirocco

 Со ексклузивното специјално издание се одбележува рекордот – еден милион произведени автомобили од моделот Scirocco Со ексклузивниот модел, Volkswagen го прославува фактот што Scirocco ја проби  магична звучната бариера на спортски автомобил со еден милион произведени возила во 2013 година.
Милионитиот Scirocco со „длабоко црна металик”боја може да се препознае на прв поглед по неговата спортска лента којa се истакнува по средина на каросеријата, по  ретровизорите кои се обоени со галванско сива боја и по неговите ” Interlagos” 18 – инчни алуминиумски тркала, со 235/40 гуми, кои исто така се стандард. Притисокот на гумите се контролира преку информациите кои се добиваат на екранот пред возачот. 19-инчните алуминиумски тркала тип „Lugano ” достапни се како опција.
Од другите стандардни елементи кај надворешноста вклучени се карактеристичните  R-Line браници, R-Line странични прагови и затемнети задните прозорци до 90%. Во внатрешноста кај специјалниот модел карактеристични се стандардните кожни седишта „Виена”споени со контрастна Snap портокалова боја, црн покрив и кожен пакет за менувачот и управувачот. RCD 310 аудио системот обезбедува вистински звук и прикажува ажурирани информации.
Милионитиот Scirocco се нуди со три различни (TSI) бензински мотори и два (TDI) дизел мотори. TSI моторите се со моќност од: 90 kW / 122 КС, 118 kW / 160 КС и 155 kw / 210 КС; TDI  моторите се со  103 kw / 140 КС и 130 kw / 177 КС. Сите мотори може да се комбинираат со автоматски менувач со двојна спојка (DSG), со исклучок на TSI моторот со 122 КС.
Како Golf GTI, така и Scirocco е спортска икона. Првата генерација од ова купе беше произведена далечната 1974 година. Седум години подоцна, во 1981 година се појави втората генерација Scirocco. Таа се произведуваше до 1992 година. Вкупно 795.650 возила Scirocco беа произведени од првите две генерации. Во 2008 година беше произведена третата генерација од спортскиот автомобил Scirocco. Третата генерација имаше голем успех за помалку од пет години, повеќе од 204 350 клиенти од целиот свет се одлучија за новиот Scirocco. Ако ги собереме произведените возила од првата втората и третата генерација ќе дојдеме до бројка од еден милион. Volkswagen оваа бројка ја одбележува со специјалното издание:  Scirocco Mill Со ексклузивното специјално издание се одбележува рекордот – еден милион произведени автомобили од моделот Scirocco Со ексклузив

Пронајдете не на следниве мрежи: