Во новиот стан нашол мумија стара 8 години

Новиот сопственик на стан во париското предградие Биси Сен Жорж, вселувајќи се во станот, наишол на шокантна глетка на мумифицираното тело на бившиот сопственик, јавува британски Телеграф.Телото осум години висело обесено. Станот, кој претходно поради долг го презела една банка, би продаден на аукција, се вели во соопштението на полицијата.
Поранешниот сопственик, кој бил вработен во обезбедување, и по потекло од Камбоџа, се обесил во станот со чаршаф.
Тој во моментот на смртта имал 40 години. Никој не го видел ни слушнал од 2005 година, кога поднел жалба поради отпуштањето од работа.
Тој со семејството ги прекинал сите односи неколку години претходно, а соседите верувале дека тој, по губењето на работата, се вратил во Камбоџа.
Банката го презела станот бидејќи почнале да доспеваат отплатите на хипотеката и поради неплатени сметки.
Според полициски извори, новиот сопственик, кој дошол да го погледне станот, влегол со помош на бравар, наидувајќи на обесениот човек во „совршено зачувана состојба“.
Полицијата нема одговор на прашањето зошто телото на обесениот не се распаднало за осум години.Телото осум години висело обесено. Станот, кој претходно поради долг го презела една банка, би продаден на аукција, се вели во соопштението на поли

Пронајдете не на следниве мрежи: