Тинтири-минтири организира филмска работилница за деца на тема „Почетокот на филмот“

Креативниот Центар „Тинтири – Минтири“ во соработка со Кинотека на Македонија организира филмска работилница за деца на возраст од 6 до 14 години. Работилницата ќе се одржи на 8 април (среда) во 18:00 часот во просториите на Кинотека на Македонија. Темата на работилницата ќе биде „Почетокот на филмот“.На работилницата децата ќе имаат можност да научат нешто повеќе за почетоците на филмот во светот и во Македонија, како и да погледнат делови од најстарите играни и анимирани филмови за деца. „Светот ниту почнува, ниту завршува со нас. Треба да го почитуваме минатото за да знаеме како да се однесуваме во сегашноста, за да дадеме добри разултати во иднина. Затоа на оваа работилница меѓу другото ќе им се посочи на децата што да почитуваат и да ценат кога ќе гледаат едно филмско остварување, за во најмала рака да знаат да направат разлика и да изградат критериум, да станат активен критички субјект кога станува збор за филмот.“, изјави м-р Кузман Кузмановски, раководител на ДКЦ „Тинтири – Минтири“, режисер и филмски автор.
Оваа работилница е дел од пообемната соработка меѓу Кинотека на Македонија и ДКЦ „Тинтири-Минтири“ во која се вклучени низа настани наменети за деца.
„Сметаме дека овој проект за поддршка на неформалното филмско образование за деца и млади е повеќе од неопходен во Република Македонија, со оглед на фактот што ова е единствена македонска иницијатива која посериозно ја третира филмската проблематика кај децата и работи со деца на оваа тема. Со оглед на големиот интерес, очигледно е дека децата се зрели и желни за вакви активности, а ние сме тука за да го направиме тоа најдобро што умееме.“, изјави Кузмановски.
Заинтересираните треба да се пријават на мејлот на КЦ „Тинтири-Минтири“ [email protected] и да остават податоци.
Учеството на работилницата е бесплатно. Билетот за влез во кино салата на Кинотека изнесува симболични 25 денари за дете.
Повеќе информации за тековните активности на ДКЦ „Тинтири Минтири“ можете да најдете на сајтот www.tintirimintiri.mk и на контакт телефоните 078 30 21 61 и 078 301 551.На работилницата децата ќе имаат можност да научат нешто повеќе за почетоците на филмот во светот и во Македонија, како и да погледнат делови од на

Пронајдете не на следниве мрежи: