Во сабота се одржува голема Трка на Франкофонијата

Францускиот институт во Скопје има чест да Ве извести и да Ве покани на големата Трка на Франкофонијата, која, за првпат оваа година, се организира во чест на прославата на Франкфоконијата во Македонија, в сабота, 21 март 2015 година, во 12 часот.Стартот е во Паркот на Франкофонијата, додека крајната цел е Скопје Сити Мол. На трката учество ќе земат над 500 учесници.
Оваа ревијална трка, во должина од 4 километри, има за цел да ги одбележи заедничките франкофонски вредности, како што употребата на францускиот јазик, културната разновидност и солидарноста.
Настанот ќе го отворат Н.Е. г-ѓа Лоранс Оер, Амбасадор на Франција, и г-дин Коце Трајановски, Градоначалник на Скопје.
На платото пред Скопје Сити Мол е предвидена забава, музичка анимација, ритмички игри и танци, куси разговори со победниците и со дел од учесниците, како и обраќање на и г-дин Габриел Атанасов, Национален координатор на Франкофонијата во Македонија.
Настанот се организира од страна на Францускиот институт во Скопје, со поддршка на Амбасадата на Франција, град Скопје, Скопје Сити Мол, Карфур и Атлетска федерација на Македонија.
Програма:
11:00ч.:
-Пристигнување на учесниците во Паркот на Франкофонијата (Градски парк, Скопје)
-Делење на ознаките за трката
11:45ч.: 
-Поставување на учесниците на стартната позиција на трката – Кејот на Вардар
-Официјално отворање
12:00ч.:
-Старт на трката
13:00ч.:
-Пристигнување на целта
-Делење на освежителни пијалаци од страна на Carrefour и Скопје Сити Мол
-Музичка забава
-Фотографирање пред паното „Трчај за Франкофонијата!“
-Делење на потврди за учество на тркатаСтартот е во Паркот на Франкофонијата, додека крајната цел е Скопје Сити Мол. На трката учество ќе земат над 500 учесници.
Оваа ревијална т

Пронајдете не на следниве мрежи: