70 години Црвен крст на Република Македонија

Вчеравечер, во НУ Македонски народен театар, се одржа свечената академија по повод одбележувањето 70 години од формирањето на Црвениот крст на Република Македонија. Во рамки на свечената академија Генерален секретар на Црвениот крст на Република Македонија, Саит Саити златен медал им додели на Австрискиот Црвен крст, а на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и на долгогодишните соработници им додели плакети. Од име на добитниците на плакетите на присутните гости им се обрати градоначалникот Коце Трајановски.- Задоволство и чест е да се обратам пред Вас на денешниот настан од името на сите наградени по повод големиот и значаен јубилеј – 70 години Црвен крст на Република Македонија. Денешниве признанија за нас се од особена важност. Истите се доделуваат во знак на особен придонес во развој и имплементација на хуманитарните активности на Црвен крст, во насока на промоција на личната ангажираност и позитивниот пример во заедницата, поддршката во работењето на организацијата, афирмацијата и заслугите во остварување на мисијата и визијата на Црвениот крст на РМ. Овие признанија имаат и дополнителна тежина, бидејќи истите се темелат на принципот хуманост кој е од особено значење во животот на секој поединец. Црвениот крст ја познава и негува хуманоста, врз основа на него знае да подаде рака онаму и на секој на кој му е потребна помош и поддршка. Гордост е да се биде препознаен во заедницата, да се биде пример за индивидуална и корпоративна одговорност во опкружувањето и таа одговорност да мотивира и поттикнува и други поединци и институции. Во 70-годишниот раст и развој на Црвениот крст, чест е да бидеме втемелени во универзалните вредности на организацијата, да бидеме споменети и запаметени како дел од плејадата личности кои дале свој печат во работењето на истата. Чувството дека помагаш, даваш поддршка и си тука, близу до оние на кои им е потребна помош, сите нас не прави поголеми личности. Да се даде несебично не е должност ниту пак обврска, тоа не прави поголеми личности поодговорни чинители во заедницата. Црвениот крст сите нас не научи да бидеме уште поодговорни субјекти кои во заедницата ќе делуваме во насока на промоција на хуманоста, поддршка на ранливите категории, давање помош и наш личен придонес во ублажување на ранливоста на населението. Сакам да изразам благодарност до сите Вас за укажаната доверба, со ветување дека и во наредните години ќе останеме блиску до Вас. Ваквите признанија мотивираат, обврзуваат и понатаму да сметате на нас и нашата поддршка како сериозни партнери, поддржувачи, пријатели на Црвениот крст. Се надеваме дека и во наредните години ќе бидеме дел од растот и развојот на Црвениот крст на Република Македонија, заеднички ќе чекориме по патот на хуманоста и пронаоѓање на највисоките вредности во секој од нас- истакна градоначалникот Трајановски.
Свечената академија, која се одржа под покровитество на Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, со химната на Црвениот крст на РМ „Човек со човек бидува“ ја отвори Маргарита Христова, а свеченоста ја збогатија со свои настапи и групата „Синтезис“, Агим Ајрулаху и младиот и надежен пејач Трајче Георгиев.- Задоволство и чест е да се обратам пред Вас на денешниот настан од името на сите наградени по повод големиот и значаен јубилеј – 70 години Црвен

Пронајдете не на следниве мрежи: