Денес ќе се отвори првото кафуле само за жени во Камењане

Денес во 13.30 часот ќе се отвори првото кафуле за жени во селото Камењане, кое е сместено 50 метри јужно од старата општинска зграда. На отворањето ќе говорат сопственичката Медина Синани, Хазби Идризи, градоначалник на општина Боговиње, Теута Арифи, градоначалник на Тетово и Мери Џо Волерс, сопруга на амбасадорот на САД во Македонија.
Медина Синани го започна својот бизнис со помош на грант од иницијативата на УСАИД за поддршка на жени претприемачи. Кафулето ќе вработи неколку локални жени и ќе нуди дополнителни услуги за бизниси предводени од жени во регионот. Кафулето ќе служи за друштвени и бизнис средби за локалните жени, но исто така и како изложбен простор за пекарски производи и рачни изработки произведени од жените во регионот
Пред церемонијата, Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, општина Боговиње и Здружението за локален рурален развој ќе потпишат меморандум со кој официјално ќе стапат во партнерство за поддршка на жени претприемачи во Полог. На отворањето ќе говорат сопственичката Медина Синани, Хазби Идризи, градоначалник на општина Боговиње, Теута Арифи, градоначалник на Тетово и Мери

Пронајдете не на следниве мрежи: