Виртувио, Веј Глобал ИТЦ, Ултра Нет, Тим Корпорејшн, МК Хост, Некст – М, Марцом Регистри и Процес Ин, се осумтекомпании, кои потпишаа договор со Македонскатаакадемска истражувачка мрежа (МАРнет) да бидат регистрари на националниот домен .mk.Како што истакна на денешнатапрес-конференција министерот за информатичко општество и администрација, ИвоИвановски, со овој процес се обезбедува либерализација на пазарот и им се даваможност на физичките и правните лица за полесна регистрација на интернетпросторот во Република Македонија.
Директорот на Македонската академска истражувачка мрежа (МАРНЕТ), Сашо Димитријоски, апелираше до сите правни ифизички лица кои имаат потреба да се регистрираат на националните домени воМакедонија
„Овој процес на либерализација бараше модернизација на системот на работење, при штодобивме комплетно нов функционален систем на кој се работеше речиси година иполовина. Во тој период ги надминавмесите технички недостастоци. Компаниитерегистрари ќеможат во името на МАРнетелектронски да ги продаваат домените во Република Македонија.„- рече Димитријоски.
Според податоците, воМакедонија се регистрирани 36.000 национални домени. Големите компании одприватниот сектор имаат интернет страни со кои се промовираат пред граѓаните,додека бројот кај малите компании и физичките лица е помал. Со процесот налиберализација се отвора можноста и помалите субјекти да станат поконкурентнина пазарот и истите да бидат регистрирани.
Извор:socialnet.mkКако што истакна на денешнатапрес-конференција министерот за информатичко општество и администрација, ИвоИвановски, со овој процес се обезбедува ли