Институтот Прогрес денеска излезе со нова анкета на јавното мислeње.Kоментарите по социјалните медиуми кои се развија по таквата објава беа дека резултатите од анкетата кои ги објави овој институт повеќе наликуваат на желба на функционерите од СДСМ, отколку реален приказ на состојбата со расположението на граѓаните.
Документот кој го објавуваме буквално докажува дека анкетата била список на желби и дека коментарите на социјалните мрежи ја погодиле суштината.
Кој стои зад институтот Прогрес?
На 12-ти јануари 2010 година, самиот Институт Прогрес демантираше било каква поврзаност со СДСМ, преку зборовите “Немаме ништо со СДСМ”. Сепак, документите покажуваат дека Институтот Прогрес е наменски формиран и комплетно раководен од функционери, пратеници и членови на Социјадемократскиот сојуз.
Во редот на основачи на овој иснтитут спаѓаат функционери од раководството на СДСМ, меѓу кој: Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ, Емилијан Станковиќ , Драган Тевдовски, Каролина Ристова – Астеруд, поранешен советник во Град Скопје од редовите на СДСМ и поранешен пратеник во Собранието на РМ, Александар Чеботарев, поранешен организационен секретар на СДСМ за град Скопје, Виолета Сотировска – Советник од редовите на СДСМ во Општина Битола, Никола Наумовски –член на движењето Распеани Скопјани, и роднина на Радмила Шекеринска, заменик претседател на СДСМ, Сејдула Лимановски-поранешен кандидат на СДСМ за пратеник.
Со ова се докажува дека институтот Прогрес е дел од партиската машинерија на СДСМ, наменски формирана со цел да внесе забуна кај јавноста. Аналитичарите укажуваат дека тајмингот и целта поради кој оваа анкета се појавува е поради неколку причини.
СДСМ, преку својот Институт Прогрес има за задача да објавува фабрикувани информации чија цел е оправдување пред членството на партијата, за нискиот рејтинг и доверба на Заев споредено со останатите партии. На тој начин ваквите анкети служат како амортизер за незадоволството на членството на партијата од неуспешната реорганизација и трансформација на партијата.
Од друга страна, преку ваквите наменски анкети СДСМ сака да го мотивира своето ченство и да го избегне фактот што, СДСМ не испорачува промени и подобрувања во начинот на функционирање.
Прогрес катастрофални ги промаши парламентарни избори
Според конечните резултати од Државната изборна комисија ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година на парламентарните избори освои 53 пратеници плус три од дијаспората, СДСМ 42, ДУИ 15, ДПА 8 и НДП 2 пратеника.
Рекордери во промашувањето на резулататие од изборите се аналитичарите од Институтот Прогрес,
Според анкетата на Прогрес од 21 – 22 април 2011 година, СДСМ водеше со 20,3 спрема 19, 1 за ВМРО-ДПМНЕ и дека над 50 отсто од граѓаните сметаат дека Шекеринска заслужува да биде премиер, што се покажа како неточно по втор пат. Во наредната анкета која што излезе еден месец подоцна се зголемила разликата и СДСМ имал 22,3, а ВМРО-ДПМНЕ 19,8 отсто.
Последната анкета на Прогрес спроведена од 26 – 28 мај 2011 уште повеќе беше во полза на СДСМ кои што имале 22,9 отсто, а владејачката ВМРО-ДПМНЕ 19,6 отсто, што се покажа дака нема врска со реалниот сооднос на двете најголеми политички партии.
Од сето ова произлегува дека кај електоратот повеќе не функционираат стратегиите со фабрикувани анкети кои се користат во насока на покажување на сила, туку јавноста внимателно го анализира целокупното дејствување во изминатиот период како на власта така и на опозицијата и според тоа одлучуваат на кого ќе ја дадат довербата во наредните 4 години.
Извор: kurir.mkKоментарите по социјалните медиуми кои се развија по таквата објава беа дека резултатите од анкетата кои ги објави овој институт повеќе наликуваат