Божјите Синови: Озирис, Дионис , Македон, Херакле и Александар од Мисир и Македонија
Ние Македонците сме најстариот народ во денешна Европа. Погледнете во Библијата Македонија е 38 пати е спомната, додека сите други денешни држави ги нема затоа што се вештачки творби и политички опции на Европа.На македонската денешна почва се најдени карпи, пештери, надгробни споменици и записи од македонско писмо старо 13000 години. Ние ќе зборуваме за нивното постоење и живеење на овие простори, кое датира уште повеќе илјадници години. Кога се зборува за Македонија не може да се мисли на денешна Македонија, која ни ја оставиле големите сили само на 150 километри, без море, иако таа се протегаше на 5 мориња. Тогаш македонските племиња го населувале целото Средоземно Mоре, па и подалеку. Македонците припаѓаат на семејството Македонско-индиските народи денеска наречени Индо-европски народи. Меѓутоа се знае оти имињата на денешните континенти се од поново време. Тогаш ги прашувам историчарите како се викала Европа пред тоа? Се разбира – Македонија.
Зборот Македон е од македонско потекло и етмолошки е составен од два збора Маке-дон што се толкува Ма е господарот или газдата или Богот.
Македонскиот Митолошки Систем
Митологијата во себе носи прафилозовски и пранаучен исконски облик на уметничко создавање. Митовите се она првобитното, народното раскажување од колено на колено низ генерации, која во себе содржи и дел од фантазијата на македонскиот народ. Се знае оти митологијата на балканските простори е вткаена во светлоста на македонската митологија. Меѓутоа, таа преtставува огромно наследство не само на античките Македонци, туку и на сиот медитерански свет и на југоисточна денешна Европа. Судејќи според археолошките остатоци на македонската почва, посебно од матерјалната култура, од ликовната уметност и митологијата, древна Македонија имала значаен и единствен, самостоен митолошки систем. Тој содржи етнолошки, етнографски, лингвистички, историски, книжевни и антрополошки елементи, кои можат топографски да се лоцираат на географските простори на целата нејзина територија мислам на онаа Македонија од денешна Шпанија до Индија.
Врз основа од античката литература постојат две верзии на преданија за Македонците и нивните родоначалници. Нашите Македонци, културно просветни прадедовци имале развиено голема култура околу Јонското, Јадранското, Средоземното и Црното Море. Градот Илион (Троја) бил нивниот капитален град. Македонската митологија раскажува оти Македонскиот крал ЗЕВС имал повеќе синови и тој територијата ја поделил меѓу нив. Ние ќе обрнеме внимание на двајцата синовин, едниот син се викал МАКЕДОН, а другиот ПЕРСЕЈ. Младиот принц Македон станал крал на целата медитеранска област која по него е наречена Македонија, а неговиот брат Персеј живеел и станал Крал во денешна Мала Азија и по него е наречена ПЕРСИЈА. Потомците на Македон се нарекле Македонци. Потомците на Персеј по него се нарекле Персијанци. Ова е митолошка верзија за постанакот на народите и светот.
Раскажувањата за Македон кој е родоначалник на Македонците, се дека тие за време на својата експанзија на Балканот формирале 12 племиња: Илири, Агријани, Дардани, Трибали, Моези, Одризи, Траки, Халкиди, Пеони, Линкести, Орести и Малеси..По нив се наречени 12 македонски провинции каде тие живееле: Илирија, Агријаниа, Дарданија, Трибалија, Одризија, Тракија, Халкидикија, Пеонија, Линкестија, Орестија, Малесија. Антиката во споредба со останатите периоди од светската историја е богата со митски настани, полни со фантазија во огромна мера. Тоа се гледа и во обидот идеолошки да се објасни зошто Александар тргнува да оди по царскиот пат на верска научна експедиција се` до Индија, по истиот пат, по кој веќе го поминале Озирис, Дионис, Македон и Херакле.
Веќе во првите години на Птоломејското царство била создадена смела тенденција да се овековечи на монети сликата на Александар (слика 1). Целта на Птоломеите била да се соединат историјата на Мисир (Египет) и на Македонија со доминација на Македонците. Ова било поврзано со походот на Александар, кој бил споредуван со историјата на големиот мисирски бог Озирис (слика 2). Озирис наводно бил првиот кој дошол во Индија, ја култивирал земјата и одел на лов на слонови. Потоа се вратил во Мисир (Египет), при што поминал низ Македонија, каде сретнал еден владетел по име “Македон” и го востоличил за крал. Мисирскиот бог и самиот бил првобитен крал на Мисир и господар на подземјето. Значи, според ова верување, тој бил озаконувач и спиритус ректор на македонското владеење.На македонската денешна почва се најдени карпи, пештери, надгробни споменици и записи од македонско писмо старо 13000 години. Ние ќе зборуваме 
Пронајдете не на следниве мрежи: