Супербомбардер: Хитлер планирал напад на Њујорк 56 години пред Бин Ладен

Хитлер планирал напад на Њујорк 56 години пред Бин Ладен.Точно 56 години пред Осама Бин Ладен, Хитлер сакал да ја бомбардира американската територија, па од своите научници и инженери барал да најдат начин како да го оствари тоа. 
Притоа, научниниците наводно имале идеја да креираат авинои самоубици кои би удриле во срцето на Менхетен, исто како што се случи во 2001 година, кога терористите ги нападнаа кулите близначки. 
Иако Хитлер никогаш  не покажувал амбиции да ги нападне САД, тој лично ја мразел демократијата и сето она што не било во согласност со нацистичката идеологија. Тој верувал дека, откако ќе го порази Советскиот Сојуз и ќе ја покори Западна Европа, во одреден момент ќе дојде до судир со САД за светска доминација. Хитлер сакал да биде подготвен за тој момент.
Пред почетокот на втората светска војна дизајнерот на авиони Вили Месершмит му претставил на Хитлер макета од огромен бомбардер со голем дострел. Имено,  бомбардерот бил со четири мотори, прво наменет за поддршка на подморниците на Атлантикот, а Вили кажал дека бомбардерот  поседува потенцијал да дојде до источниот брег на САД.

 
Хитлер наредил макетата да се претвори во функиционално летало. Па неговата наредба започнала да се спроведува.  Едно од решенијата било да се пронајде база во близина на Америка. Хитлер наредил да се заземе Исланд, но тој план е сопрен кога Американците сфатиле од каде доаѓа опасноста. Во меѓувреме инженерите се вратиле на работа на доработка на плановите, затоа што им требале летала кои би биле доволно цврсти со себе да носат бомби.
Идејата за големиот бомбардер не одела според планираното. Прототипот на авионот полетал, но се покажало дека е нестабилен, и постоел ризик да му отпаднат моторите.
Поручникот Виктор Вон Лосеберг пак имал друг план. Тој се јавил доброволно да управа со леталото до половина Атлантик каде би слетал на океанот и би се поврзал со подморниците, би земал гориво и бомби и би продолжил кој американскиот брег, каде би ги исфрлил бомбите и и се вратил назад.
Поручникот добил дозвола од Берлин за тоа, но суровата реалност брзо го вратила во реалност, за реализација на ова била потребна мирна површина на океанот, па акцијата е отфрлена, односно одложена за во пролет.
Пролетта во 1944 година, американската морнарица, ги потиснала подморниците од Атлантикот па планот на поручникот паднал во вода.
Нацистите имале и друга идеја. Тие планирале да направат авион со огромни крилја под кои би монтирале пет помали авиони-бомби, кои би биле управувани од еден пилот.
Но, оваа идеја не можела да се реализира затоа што нацистите во тој период започнале да ги губат битките на сите фронтови.
Точно 56 години пред Осама Бин Ладен, Хитлер сакал да ја бомбардира американската територија, па од своите научници и

Пронајдете не на следниве мрежи: